fbpx

НОВО! Генетски тест за неплодност кај мажи

Почитувани клиенти,

Со задоволство ве известуваме дека нашето портфолио го зголемуваме за уште една молекуларно генетска лабораториска анализа за неплодност кај мажи.

Новиот тест кој се работи во Авицена Лабораторија врши детекција на хромозомски промени-делеции на AZF (AZFa, AZFb, AZFc) на човечкиот Y-хромозом, со помош на RT-PCR метода.

Потребен примерок: крв

Време на изработка: 1 работен ден.

Цена: 4.500 денари.

Зошто е важно генетското тестирање за машка неплодност?

Неплодноста е чест медицински проблем кој влијае на 15% од лицата кои се обидуваат да добијат потомство. Во 30% до 50% од случаите, мажот е главниот фактор за неможноста за зачнување.

Детекција на постоење на генетски причини за машка неплодност овозможува дијагноза на неплодност кај двојки кои се обидуваат да формираат семејство, а освен тоа и давање препораки за понатамошни чекори кои треба да се преземат (техники на вештачко оплодување и соодветно генетско советување).

Сперматогенезата е суштински процес кој се регулира од многу специфични гени лоцирани на Y хромозомот. Повеќето од овие гени се наоѓаат во специфичен регион познат како регион на факторот на азооспермија (AZF) на долгиот крак на човечкиот Y хромозом. Микроделециите на AZF се препознаваат како најчести структурни хромозомски абнормалности и тие се главната причина за машката неплодност.

Промените во овој регион се поврзани со абнормалности во производство на сперма, а со тоа и до неплодност. Микроделециите на AZF се една од главните причини за азооспермија (целосно отсуство на сперма во ејакулатот) и тешка олигозооспермија (помалку од 5 милиони сперматозоиди во ејакулатот кај мажите.)

Во стоиме на располагање за дополнителни прашања и информации.