fbpx

Пријавувањето за Авицена Женска Трка 2023 е отворено!

На 9 април (недела) 2023 година, ќе се одржи единаесеттото издание на вашата омилена АВИЦЕНА ЖЕНСКА ТРКА.

🏁Стартот и целта на трката ќе бидат на самиот булевар „Илинден“, во близина на фонтана „Лотосов Цвет“, ќе се трча еден круг од 3 километри.

Програма

Настанот е предвиден да се одржи по следниот редослед:
• 09.40 – Аеробик загревање
• 10.00 – Старт на трка на 3км
• 10.45 – Прогласување на најдобрите
• 11.00 – Лотарија

📅Рокoт за пријавување трае најдоцна до 4 април 2023.

Подигнување на стартните броеви ќе биде на 7 и 8 април, а локацијата ќе биде дополнително објавена.❗На денот на трката не е можно пријавување.

КАТЕГОРИИ:

  • до 12 години
  • до 14 години
  • до 18 години
  • до 30 години
  • до 40 години
  • до 50 години
  • 50+ години

👕МАИЦА – ДОПОЛНИТЕЛЕН ПРОДУКТ

При процесот на регистрација како дополнителен продукт може да купите и драј фит маица со логото на трката. Цената на драј фит маицата е 500 денари и истата ќе може да се купи најдоцна до 10 март 2023.