fbpx

Рекордна пријавеност на Авицена Женска трка

Драги дами, единаесеттото издание на Авицена Женска трка брои рекордни 2925 пријавени учеснички! Ви благодариме за големата заинтересираност и на сите кои се пријавивте за трката!

За нас како компанија која континуирано вложува во спонзорства на спортски активности, Авицена Женска трка претставува настан кој нè прави исклучително горди, бидејќи покрај тоа што прерасна во традиција, секоја година во сè поголем број, влијае врз многу жени и девојки како инспирација да започнат со здрави навики!

Ве очекуваме на 9-ти април (недела) на најголемиот и единствениот настан од ваков карактер, посветен на сите дами од сите возрасти.

Локација фонтана „Лотосов Цвет“ во Градскиот парк, во 9:45ч. фитнес загревање, во 10:00ч. трчаме за себе, за подобро здравје, за да покажеме дека можеме сè!

Подигнувањето на стартните броеви ќе врши во „СЦ Борис Трајковски“ на 7ми и 8ми април од 11 часот до 18 часот.

Повеќе детали на: www.zenskatrka.mk

Оваа трка посветете си ја себеси!💜