Се одржа деветтата Авицена Женска Трка 2021

На 5ти Септември 2021г. во организација на Сојуз на Спортови на Скопје се одржа деветтото издание на „Авицена Женска трка 2021“.

Трката се трчаше и оваа година под посебни протоколи за заштита од COVID-19, а истовремено, почитувајќи ги новите владини одлуки. Со целосно почитување на мерките за заштита на здравјето и правилата и протоколите, учесничките истрчаа трка од 3 километри со задолжителното носење маски пред и по трката, редовна дезинфекција на раце и направен термален скрининг.

Честитки за сите учеснички како и за најбрзите на трката:

1. Билјана Киранџиева

2. Душица Јанковиќ

3. Вера Урдаревски

И оваа година како и ланската, победија и дисциплинираноста на учесничките и нивното почитување на мерките.

Покажавме и докажавме дека можеме да имаме успешна трка и покрај сите протоколи и запазување на истите, за сопствена и безбедност на останатите, а притоа да имаме супер трка, супер забава и супер дружење на дистанца.

Трчањето е спортска дисциплина која во секој поглед има позитивни ефекти врз здравјето на човекот, а во таа насока, Авицена Лабораторија традиционално секоја година е дел од Женската Трка и како институција која секогаш се грижи за унапредување на здравјето и го поддржува спортот и здравите навики.

Денешниот брз начин на живот и се поголемиот број на обрски кој ни носи сè помалку време за себе и време за вежбање. Трките од ваков, ревијален карактер се одржуваат насекаде во светот со една иста цел, подигање на свеста кај жените да започнат со активност која позитивно ќе влијае на нивното здравје.

Ви благодариме што бевте дел од трката оваа година и што ни помогнавте во реализација и успешност на истата!

Погледнете како си поминавме на вчерашната Авицена Женска Трка:

Локација 1 - Скопје

Бул. 8-ми Септември бр. 2, лок. 1, 1000 Скопје
+389 2 3179 001
lab@avicenalab.com.mk
Понеделник-Петок: 07:00-19:30 | Сабота: 07:00-14:00 (до 19:00 само за COVID-19)

Локација 2 - Скопје

Бул. Јане Сандански бр. 48, 1000 Скопје
+389 2 2477 345
lab2@avicenalab.com.mk
Понеделник - Петок: 07:00 - 14:00 | Сабота: 08:00 - 14:00

Локација 3 - тетово

Бул. Благоја Тоска бр.222, 1200 Тетово
+389 44 355 550; +389 44 355 551
labtetovo@avicenalab.com.mk
Понеделник - Петок: 07:00-14:00 | Сабота: 07:30 - 14:00