fbpx

Учество на петтиот конгрес на Македонска асоцијација на гинеколози и опстетричари

Авицена Лабораторија изминатиот викенд го поддржа петтиот конгрес на Македонска асоцијација на гинеколози и опстетричари кој се одржа во Охрид. Настанот привлече присуство на врвни експерти од областа на гинеколошката онкологија и перинатологија од нашата земја и од странство.

Присутните на настанот имаа можност да поразговараат со нашите претставници за лабораториските анализи како суштинска компонента, бидејќи обезбедуваат важни информации за следењето на здравјето во секој период од животот кај жената.

Грижата за сопственото тело треба да биде приоритет за секоја жена. Затоа од особена важност се редовните прегледи со цел да се преземат чекори за да се заштити од инфекции и повреди и да се спречат проблеми — вклучително и некои долгорочни здравствени проблеми.