fbpx

Важно известување за COVID-19 тестови во сабота во Тетово

Почитувани клиенти,

Сакаме да ве известиме дека COVID-19 лабораторијата во Тетово во сабота која досега вршеше прием на пациенти за PCR тестирања до 14 часот, почнувајќи од 27.11.2021 има промена на работното време до 12 часот.

Прием на клиенти за микробиолошки и биохемиски анализи во сабота преку влез 1 ќе се врши до 14 часот.

Прием на клиенти за PCR тестирања за COVID-19 во сабота ќе се врши до 12 часот.

Брзиот антигенски тест за COVID-19 може да се направи до 14 часот.