fbpx

Вработените на Авицена Лабораторија дел од иницијативата #РетвитниОброк

Нашата новогодишна работилница решивме да ја посветиме на помагање и споделување грижа за најранливите категории на граѓани, која е од особена важност во овој тежок период на пандемија со COVID-19 вирусот.

За таа цел, денес нашите вработени се приклучија во иницијативата на Ретвитни Оброк (Retweet a meal), каде зготвивија топли оброци, кои ќе бидат поделени на сиромашни и бездомни лица од страна на здружението Вистински дела на љубезност.

Граѓанската иницијатива „Ретвитни оброк” заедно со здружението „Вистински дела на љубезност” веќе шест години помагаат на социјално загрозени лица ????❤️

Ги поттикнуваме сите компании и поединци да се приклучат во оваа одлична иницијатива #РетвитниОброк