0%
Loading ...

Во текот на летните месеци, кога температурите се високи, се зголемува вниманието кон Legionella pneumophila - бактерија која може да предизвика сериозни инфекции на респираторниот систем, особено кај лица со ослабен имунитет, постари лица и пациенти со хронични заболувања.

Што е Легионела?

Легионелата е бактерија која природно се среќава во водната средина, но најголем ризик претставува кога се размножува во вештачки водоводни системи со несоодветно одржување. Најчесто се развива во:

  • системи за климатизација и ладење во големи објекти (трговски центри, сали, хотели);
  • резервоари за топла вода;
  • тушеви и водоводни инсталации;
  • базени, спа и велнес центри;
  • болници, хотели, деловни и станбени комплекси.

Инфекцијата не се пренесува од човек на човек. Најчесто настанува со вдишување на ситни капки вода (аеросоли) кои ја содржат бактеријата.

Иако легионелата е присутна во текот на целата година, за неа почесто се зборува во летниот период бидејќи високите температури создаваат поповолни услови за нејзино размножување. Бактеријата најлесно се развива во вода со температура помеѓу 20°C и 45°C, особено кога постои застој на вода во водоводните инсталации, резервоарите, климатизациските системи, ладилните кули и други водни системи кои не се редовно одржувани. Во такви услови може да дојде до зголемување на концентрацијата на бактеријата, а при создавање на ситни водени капки (аеросоли), таа може да се вдише и да предизвика инфекција на респираторниот систем.

Какви симптоми може да предизвика?

Инфекцијата со легионела може да се манифестира како поблага респираторна инфекција, но и како потешка форма на пневмонија.

Најчести симптоми се:

  • висока телесна температура;
  • кашлица (сува или продуктивна);
  • отежнато дишење;
  • болка во градите;
  • малаксаност и замор;
  • главоболка и болки во мускулите.

Во потешки случаи може да биде потребна хоспитализација, поради што навремената и точна дијагностика е од исклучително значење.

Зошто лабораториската дијагностика е важна?

Симптомите на легионела често се преклопуваат со оние на други бактериски и вирусни инфекции на респираторниот систем. Само врз основа на клиничката слика не секогаш може да се постави точна дијагноза.

Како се дијагностицира легионела во Авицена Лабораторија?

Во Авицена Лабораторија се достапни повеќе современи анализи за детекција на Legionella pneumophila, во зависност од клиничката состојба и препораката од лекар.

1. RespiBact

Мултиплекс Real-Time PCR панел за детекција на најчестите 7 бактериски причинители на инфекции на респираторниот тракт, вклучувајќи ја и Legionella pneumophila.

2. RespiTest

Напреден молекуларен панел кој истовремено детектира 26 вирусни и бактериски патогени од респираторниот систем, меѓу кои и Legionella pneumophila.

3. RespiTest Plus

Најсеопфатниот мултиплекс PCR панел за респираторни инфекции, кој овозможува истовремена детекција на 40 различни вирусни и бактериски патогени, вклучувајќи ја и Legionella pneumophila.

4. Pneumoslide

Серолошка анализа која детектира антитела против 9 атипични причинители на пневмонија, меѓу кои и Legionella pneumophila, и претставува корисна дополнителна дијагностичка алатка при проценка на атипични белодробни инфекции.

Навремената дијагноза е клучна

Доколку имате продолжена температура, кашлица, отежнато дишење или сте биле изложени на потенцијално ризична средина (хотели, болници, велнес центри, климатизирани објекти или други системи со вода), консултирајте се со вашиот лекар за потребата од лабораториско тестирање.

Во Авицена Лабораторија можете да направите современа и прецизна дијагностика за Legionella pneumophila преку анализите RespiBact, RespiTest, RespiTest Plus и Pneumoslide. Контактирајте нѐ или посетете некој од нашите пунктови за повеќе информации и избор на најсоодветната анализа според вашата клиничка состојба.