0%
Loading ...

ASO (Антистрептолизин – О)

390,00 ден

нализата се користи за докажување на неодамнешна стрептококна инфекција и е важна при дијагностика и следење на постстрептококни компликации, како што се ревматска треска и постстрептококен гломерулонефритис.

Опис

ASO (Антистрептолизин – O) е лабораториска анализа со која се одредува присуството на антитела против стрептолизин О – токсин што го продуцира бактеријата Streptococcus pyogenes (β-хемолитички стрептокок од група А). Анализата се користи за докажување на неодамнешна стрептококна инфекција и е важна при дијагностика и следење на постстрептококни компликации, како што се ревматска треска и постстрептококен гломерулонефритис.

Подготовка: Не е потребно да бидете на гладно.

Примерок: серум.