Опис
Церулоплазминот е протеин кој се создава во црниот дроб и има важна улога во транспортот на бакарот и метаболизмот на железото во организмот. Анализата се користи за проценка на метаболизмот на бакарот и е значајна при дијагностика и следење на заболувања како што се Wilson-овата болест, нарушувања на функцијата на црниот дроб, како и одредени воспалителни и хронични состојби. Резултатите најчесто се интерпретираат во комбинација со анализа на бакар во серум и/или урина.
Подготовка: Не е потребно да бидете на гладно.
Примерок: серум.


