Опис
Овој пакет опфаќа проширен сет на анализи за жени кои планираат бременост, со цел детална проценка на здравствената состојба и рана детекција на инфекции кои можат да влијаат на бременоста. Покрај основните параметри и TORCH панелот, вклучува и тестирања за вирусни инфекции од значење пред зачнување. Вклучува: крвна слика со диференцијална, седиментација на еритроцити, хемоглобин, хематокрит, уринарен статус со седимент, глукоза во серум (гликемија), вкупен холестерол, триглицериди, уреа во серум, креатинин во серум, AST, ALT, серумско железо, феритин, трансферин, TORCH панел (Toxoplasma gondii, Rubella, Cytomegalovirus, Herpes Simplex Virus и останати инфекции), HbA1c, хепатит Б, хепатит Ц и HIV.
Дали се прави на гладно?
Се препорачува да се направи на гладно (8–12 часа) за попрецизни резултати.


