Опис
Овој пакет е наменет за лица кои се физички активни и спортисти, со цел следење на општата здравствена состојба, мускулната функција, нивото на енергија и опоравувањето по тренинг. Овозможува подобар увид во метаболизмот, балансот на минерали и хормоналниот статус. Вклучува: крвна слика со диференцијална, седиментација на еритроцити, хемоглобин, хематокрит, уринарен статус со седимент, глукоза во серум (гликемија), вкупен холестерол, триглицериди, уреа во серум, креатинин во серум, AST, ALT, серумско железо, магнезиум, калциум, HDL, LDL, пакет протеини, витамин Д, лактати, UACR (уринарен албумин/креатинин индекс), кортизол, TSH, FT4 и феритин.
Дали се прави на гладно?
Да, се прави на гладно (8–12 часа) за попрецизни резултати. Дополнително, се препорачува да се избегнува интензивна физичка активност пред тестирањето.


