Опис
Овој пакет опфаќа проширен сет на лабораториски анализи за подетална проценка на здравствената состојба кај жени на возраст од 18 до 40 години, со дополнителен фокус на превенција и рана детекција. Покрај основните параметри, вклучува и HPV тест кој е важен за навремено откривање на промени поврзани со здравјето на грлото на матката. Вклучува: крвна слика со диференцијална, седиментација на еритроцити, хемоглобин, хематокрит, уринарен статус со седимент, глукоза во серум (гликемија), вкупен холестерол, триглицериди, уреа во серум, креатинин во серум, AST, ALT, серумско железо, TSH, FT4, витамин Д, HDL, LDL и HPV тест.
Дали се прави на гладно?
Се препорачува да се направи на гладно (8–12 часа) за попрецизни резултати.


