Опис
Трансферин сатурација Сатурацијата на трансферин (TSAT) претставува процент на трансферинските протеини во крвта кои во моментот се врзани со железо. Овој параметар дава информации за количината на железо која е достапна за ткивата и се користи за проценка на метаболизмот на железото и откривање на нарушувања поврзани со неговиот недостаток или прекумерно натрупување во организмот. Сатурацијата на трансферин се пресметува врз основа на вредностите на серумското железо и вкупниот капацитет за врзување на железо (TIBC).
Резултатите се издаваат во проценти.
Подготовка: Препорачливо е анализата да се направи наутро и на гладно (8–12 часа по последниот оброк). Доколку земате препарати со железо или суплементи поврзани со метаболизмот на железото, потребно е да не ги земате 5–6 дена пред анализата, бидејќи можат значително да влијаат врз реалниот резултат. За прекинување на терапија или суплементација, задолжително консултирајте се со вашиот лекар.
Примерок: серум.



Критики
Нема критики сеуште.