0%
Loading ...

Спот уринарни протеини/ креатинин-индекс (UPCR)

620,00 ден

Опис

Спот уринарниот протеин/креатинин индекс (UPCR) е анализа со која се проценува количината на протеини во урината во однос на концентрацијата на креатинин од еден примерок на урина. Овој однос овозможува сигурна проценка на протеинуријата без потреба од 24-часовно собирање на урина. Анализата се користи за откривање, проценка и следење на заболувања на бубрезите, како и за мониторирање на пациенти со хронични бубрежни заболувања, дијабетес и артериска хипертензија.

Подготовка: Не е потребна посебна подготовка. Се препорачува да се достави прва утринска урина или примерок според препорака на лекар. Потребно е да се собере среден млаз во стерилен сад.

Примерок: урина.