Опис
Урината – биохемиски анализи и седимент е основна лабораториска анализа која дава информации за функцијата на бубрезите и уринарниот систем, како и за општата здравствена состојба. Анализата помага во откривање и следење на инфекции на уринарниот тракт, заболувања на бубрезите, дијабетес, нарушувања во метаболизмот и други состојби.
Подготовка: За анализата се препорачува прва утринска урина, земена по тоалета на надворешните гениталии. Потребно е да се собере среден млаз во стерилен сад и примерокот да се достави во лабораторија што е можно побрзо, по можност во рок од 2 часа.
Примерок: урина.


