fbpx

Што треба да знаат идните мајки за VERACITY?

VERACITY претставува најнова генерација неинвазивен пренатален тест за откривање фетални хромозомски анеуплоидии и микроделеции. Користи технологија заснована врз најсовремени истражувања и развој во молекуларната генетика и дијагностика.

VERACITY е развиен од извонреден научен тим со над 25-годишно искуство во областа на пренаталната дијагностика, молекуларна медицина, геномика, транскриптомика и биоинформарика.

VERACITY дава прецизни информации за присуство на анеуплоидии и микроделеции кај бебето, рано уште во десеттата недела на бременоста.

КАКО СЕ ИЗРАБОТУВА VERACITY?

За време на бременоста, феталната ДНК патува од плацентата до крвотокот на мајката и циркулира заедно со нејзината сопствена ДНК. Со VERACITY феталната ДНК се изолира од крвта на мајката и се анализира со помош на најнова генерација аналитичка и биоинформатичка технологија, за присуство нa анеуплоидии и микроделеции кај бебето, со неспоредлива точност.

За да се изработи VERACITY потребен е примерок венска крв од мајката.

КОИ СЕ КЛУЧНИТЕ КАРАКТЕРИСТИКИ НА VERACITY?

✅VERACITY e валидиран за единечна и близначка бременост

✅VERACITY е валидиран за бремености по пат на вештачко оплодување

✅VERACITY е префериран тест поради неговата прецизност и точност

✅VERACITY e целосно безбеден за мајката и бебето

КОГА МОЖАМ ДА ГО НАПРАВАМ ТЕСТОТ?

Тестот може да го направи секоја трудница почнувајќи од 10 гестациска недела на бременоста. За да го направите тестот нема ограничувања во однос на возраста кај идната мајка.

Сите бремени жени од која било возраст или ризична категорија може да го направат тестот. Иако зачестеноста на ваквите генетски состојби се зголемува со возраста на мајката, тие може да се случат во секоја бременост.

ШТО ДЕТЕКТИРА ТЕСТОТ?

1. Анеуплоидии – Даунов синдром, Едвардсов синдром и Патау синдрoм.

2. Анеуплоидии на полови хромозоми – Тарнеров синдром (Моносомија X), Троен X-синдром (Трисомија X), Клинефелтеров синдром (XXY), Јакобсов синдром (XYY) и XXYY синдром.

3. Микроделеции  – DiGeorge синдром (22q11.2), 1p36 deletion синдром (1p36), Smith-Magenis синдром (17p11.2) и Wolf-Hirschhorn синдром (4p16.3).

4. Пол на бебето

ДАЛИ ИМА ОГРАНИЧУВАЊА ДОКОЛУ СЕ РАБОТИ ЗА БЛИЗНАЧКА БРЕМЕНОСТ ИЛИ БРЕМЕНОСТ ПО ПАТ НА ВЕШТАЧНО ОПЛОДУВАЊЕ?

Не. Тестот е валидиран и може да се направи и за време на близначка бременост како и за бремености по пат на вештачко оплодување.

ДАЛИ ПОСТОИ РИЗИК ВРЗ МАЈКАТА И БЕБЕТО?

Не! Тестот нема никаков ризик врз мајката и бебето. Примерок од мајката се зема од венска крв како и за секоја друга рутинска лабораториска анализа.

КОЈА Е ЦЕНАТА НА ТЕСТОТ?

Цената на VERACITY е 31.900 денари и истиот е достапен со плаќање на рати.

ПРОМОТИВНО, во текот на кампањата со секој направен VERACITY секоја трудница добива подарок Дневник за трудници.

За подетални информации во врска со подаророкот ќе ве извести нашиот тим при земање примерок за VERACITY.

ДАЛИ Е ПОТРЕБЕН ЗАКАЖАН ТЕРМИН?

VERACITY може да се направи во сите лаборатории на Авицена Лабораторија без претходно закажан термин.

КАДЕ ДА СЕ ИНФОРМИРАМ ПОДЕТАЛНО ЗА VERACITY?

За подетални информации во врска со тестот консултирајте се со вашиот доктор или за да разговарате со наш претставник побарајте нѐ на 02 3179 001.