fbpx

Оглас – Медицински лабораториски техничар, Биохемичар

Медицински лабораториски техничар/ Биохемичар

Одговорен е за правилно земање на материјал за лабораториска анализа според стандардизирана лабораториска процедура, правилна припрема и обработка на примениот биолошки материјал. Вработениот на оваа работна позиција покажува професионалност, познавање и трпеливост во интеракциите со пациентите.

 

Потребни квалификации:

  • Завршено образование од соодветната област (средно образование за Медицински лабораториски техничар со положен државен испит за Медицински лаборант или високо образование од соодветна област)
  • Работно искуство ќе се смета за предност
  • Познавање на англиски јазик
  • Познавање работа со компјутери-MS office
  • Возачка дозвола – Б категорија

 

Работни одговорности:

  • Врши прием на пациенти и правилно земање на материјал за лабораториска анализа според стандардизирана лабораториска процедура ( соодветно ракување и обележување);
  • Одговорен е за посета и земање материјал за лабораториска анализа од здравствени организации со кои соработуваме како и правилна дистрибуција на материјалот до соодветно место во лабораторијата;
  • Врши подготовка на прибор за работа, инструменти и лабораториски процедури за тековниот ден;
  • Врши изработка на анализи на соодветната апаратура во лабораторијата;
  • Води уредна евиденција на медицинска документација како и евиденција во компјутерски систем;
  • Постапува согласно стандардна процедура за прием на материјал од терен.

 

Потребни вештини и способности:

  • Професионален и љубезен однос кон пациентите
  • Примена на знаењето и искуство во тек на работата
  • Следење на иструкции и процедури за работа
  • Способност за индивидуална и тимска работa
  • Способност за брзо учење, самоиницијативност и динамичност

 

Работно време од 40 часа неделно, распределено во 2 смени – од понеделник до петок, како и сабота во зависност од интерната организација и работното време на лабораториите.

 

Доколку сте заинтересирани да станете дел од нашиот тим, Ве молиме доставете ја вашата професионална биографија на e-mail: kariera@avicenalab.com.mk со назнака за оглас за Медицински лабораториски техничар/Биохемичар” или на бул.  ,,8-ми Септември” бр. 2, лок. 1, Скопје во рок од 5 (пет) работни дена, односно од 14.02.2025 година до 20.02.2025 година.

Испратете ни го вашето CV

    * Со притискање на копчето „испрати“ се согласувате личните податоци да се чуваат во датабаза на ПЗУ Авицена лабораторија за регрутација на кадар.
    * Повеќе информации околу заштита на лични податоци можете да прочитате во За нас > Политика на приватност и заштита на личните податоци.