Во Авицена Лабораторија е достапен високосензитивен молекуларен тест за детекција на генетска интолеранција на фруктоза. Тестот врши детекција на мутации на гени, одговорни за дефицит на ензимот Алдолаза Б, кој учествува во метаболизмот на фруктоза, сахароза и сорбитол.
Потребен примерок: полна крв
Цена на тестот: 3500 денари
ИНТОЛЕРАНЦИЈА НА ФРУКТОЗА
Фруктозата е шеќер кој природно го има во овошјето, овошните сокови, медот и одредени зеленчуци, а е основна компонента и на обичниот бел кристален шеќер.
Наследна интолеранција на фруктоза е генетско нарушување, при кое недостасуваат потребните протеини или ензими (алдолаза Б) важни за разградување на фруктозата.
Постои и интолеранција на фруктоза, позната како малапсорпција на фруктоза. Оваа состојба не е предизвикана од недостаток на ензим. Клетките во цревата едноставно не можат да ја разложат фруктозата во храната што се јаде.
Вишокот од акумулирана и неразградена фруктоза, ферментира во долниот дел од дебелото црево што манифестира со подуеност, гадење, болки во стомакот, зголемување на фруктозата во урината и крвта, симптоми слични на нервозни црева и сл.
Лицата со интолеранција на фруктоза треба да го ограничат внесот на храна со висока содржина на фруктоза.
Повеќе информации за интолеранција на фруктоза можете да прочитате на нашиот блог пост.