Следејќи ги сите напредни трендови во технологијата, медицината и лабораториските услуги, на нашиот пазар воведуваме револуционерни тестови за неплодност, генетски тестови за наследни видови рак и неонатален скрининг кај новороденчиња.
Ви го претставуваме нашето најново портфолио генетски тестови, кои ќе им помогнат на пациентите да добијат најдобра можна дијагностичка услуга, за која не е потребно да ги посетуваат лабораториите во странство, туку отсега тестовите од светски размери кои се применуваат во најсовремените медицински центри во светот, се достапни и во нашата држава.
“Oreana” – Тест кој овозможува детална генетска слика за здравјето на новороденчиња, доенчиња и мали деца. Тестот е развиен со помош на најнова генерација биоинформатичка анализа и помага да се детектираат 106 нарушувања кои можат да направат пречки во развој кај децата.
“Presentia” – Генетски тест за детекција на мутации кои предизвикуваат наследни видови рак на дојка, јајници и рак на матка. Тестот претставува револуционерно решение за предвидување ризик од рак како и помага на оние пациенти кои веќе се дијагностицирани со болеста, да ја дознаат причината за појава на ваквата состојба.
“Rodinia” – Генетски панели за откривање на причината која предизвикува неплодност кај мажи и жени. Овие два панели, панел за „женска“ и панел за „машка“ неплодност можат да им помогнат на паровите и младите лица, успешно да го детектираат генетскиот причинител кој ја предизвикува неплодноста, да ја спречат оваа состојба и да започнат навремен третман.
Изберете тест за да дознаете повеќе: