fbpx

Авицена Лабораторија доби Благодарница за проектот „Придонесуваме се грижиме“ донација на 5000 PCR лабораториски анализи за COVID-19

Во рамките на Националната награда за најдобри општествено одговорни практики организирана од Министерството за економија, Авицена Лабораторија доби Благодарница за проектот „Придонесуваме, се грижиме“ донација на 5000 PCR лабораториски анализи за COVID-19 во категоријата „Вложување во заедницата“.

Со овој проект спроведен од страна на нашата лабораторија, вкупно 5000 граѓани од април 2020 до јануари 2021 година, имаа можност да направат бесплатни RT Real-Time PCR анализи за COVID-19 во поликлиниката Идадија, целосно на трошок на Авицена Лабораторија. На секој пациент му беше изработен високопрецизен молекуларен RealTime-PCR тест. Овој тест е CE-IVD сертифициран, валидиран за целосно автоматизирана употреба и со него се прави истовремен скрининг и конфирмација, со вклучена внатрешна контрола, што е во согласност со нормативите дадени од СЗО, US-CDC и Ch-CDC.

Овој тип помош и поддршка овозможи со цел побрзо и поуспешно да се справиме со новонастанатата ситуација со вирусот SARS-COV-2, да се зголеми капацитетот на расположливи термини за закажување тестови за COVID-19 кои во моментот беа во ограничен број. Оваа донација овозможи помош и поддршка на здравствениот систем, граѓаните и целокупната зеадница, наменета за побрзо и поуспешно справување со пандемијата.

Националната награда за општествена одговорност ја доделува Министерството за економија на Република Северна Македонија и Координативното тело за општествена одговорност на претпријатијата. Свечената церемонија на доделување на наградите се оддржа на 26.5.2022 во 11 часот.