fbpx

Авицена Лабораторија изминатиот викенд учествуваше на првиот регионален симпозиум за HPV и асоцирани болести

Од 25 – 27 ноември во Струга се оддржа првиот регионален симпозиум на тема „HPV инфекција и асоцирани болести“ организиран од страна на Македонското здружение за Human Papilloma Virus и Македонското здружение за сексуално преносливи инфекции.

Авицена Лабораторија секогаш ги подржува настаните од овој тип, а овој симпозиум го подржа со свој промотивен штанд каде на едно место можеа сите присутни, да се запознаат со врвната дијагностичка услуга која ја нуди Авицена Лабораторија за детекција и идентификација на HPV вирусот, сексуално преносливите болести и сите останати асоцирано болести поврзани со HPV вирусот.

Овој симпозиум обедини повеќе од 200 учесници и преку 50 предавачи стручни доктори специјалисти, гинеколози, опстетичари, дерматовенеролози, педијатри, епидемиолози, фармацевти кои ги споделија своите знаења за проблематиката.