На 10.4.2022 (недела) се одржа јубилејното 10то издание на Авицена Женска Трка.
Без разлика на временските услови, за над 2000 дами дождот не беше пречка да ги истрчаат најзабавните 3 километри.
Голема благодарност до нашите пријатели Сојузот на спортови на Скопје, со кои ја имаме честа да соработуваме за вакви настани кои ја поттикнуваат спортската култура кај жените.
Трката веќе 10 години е доказ дека жените без разлика на возраста имаат спортски дух, а здравите навики се дел од нивното секојдневие.
Оваа година, од вкупниот број учесники прва до целта пристигна Весна Кираџиева за 12 минути и 22 секунди, второто место ѝ припадна на Бојана Наумовска со 12 минути и 35 секунди и на трето место се најде Вера Украдевска, која ја истрча патеката за 12 минути и 35 секунди.
Над 2000 учеснички трчаа на дожд и го разубавија Градски Парк и Град Скопје. Ви благодариме на сите кои учествувавте! Се гледаме на следната Авицена Женска Трка.
#AvicenaZenskaTrka
Фотографии: Zenska Trka, Macedonia Best Photos, Nebojsa Gelevski, Bobi Kuzmanoski, Happy Photo.





























