0%
Loading ...

Ви ги претставуваме IntimoTest 6 и IntimoTest 12 - молекуларни тестови за детекција на причинители на сексуално преносливи инфекции, дел од ребрендираното портфолио на Авицена Лабораторија.

Со анализа на еден примерок, тестовите овозможуваат истовремена детекција на повеќе потенцијални причинители и посеопфатна лабораториска проценка.

Брз и високосензитивен молекуларен тест за истовремена детекција и идентификација на генетскиот материјал на шест причинители на сексуално преносливи инфекции:

Chlamydia trachomatis, Neisseria gonorrhoeae, Ureaplasma urealyticum, Mycoplasma hominis, Mycoplasma genitalium и Treponema pallidum.

Со анализа на еден примерок, тестот овозможува проверка за повеќе потенцијални причинители и придонесува за побрза и посеопфатна лабораториска проценка.

Примерок за анализа: цервикален, уретрален, ректален/анален или фарингеален брис (брис од грло). Во зависност од видот на примерокот, го зема гинеколог, уролог или друго стручно медицинско лице. Уретрален брис кај мажи и фарингеален брис може да се земат и во нашата лабораторија.

Резултати: до 2 часа од приемот или доставувањето на примерокот во лабораторијата.

Подготовка: пред земање уретрален брис, пациентот не треба да уринира најмалку 2 часа.

Сеопфатен и високосензитивен молекуларен PCR тест за детекција и идентификација на генетскиот материјал на 12 причинители на сексуално преносливи инфекции. Со анализа на еден примерок, тестот овозможува проверка за повеќе потенцијални причинители и придонесува за побрза и посеопфатна лабораториска проценка.

Панелот опфаќа: Chlamydia trachomatis, Ureaplasma spp., Mycoplasma hominis, Mycoplasma genitalium, Trichomonas vaginalis, Neisseria gonorrhoeae, Candida albicans, Gardnerella vaginalis, Cytomegalovirus, Herpes simplex virus 1 и 2, HPV 16 и HPV 18.

Примерок за анализа: цервикален или уретрален брис. Цервикалниот брис го зема гинеколог. Уретралниот брис кај мажи го зема уролог или стручно медицинско лице во нашата лабораторија.

Резултати: до 24 часа од приемот или доставувањето на примерокот во лабораторијата.

Подготовка: пред земање уретрален брис, пациентот не треба да уринира најмалку 2 часа.