fbpx

7 факти кои треба да ги знаете за интолеранцијата на лактоза

СÈ Е ВО ЕНЗИМИТЕ

Вашето тело произведува ензим наречен лактаза. Кога пиете чаша млеко, лактазата ви помага да го разградите млечниот шеќер лактоза во поедноставни шеќери кои се апсорбираат во вашиот крвоток. Интолеранцијата на лактоза се јавува кога имате недостаток на лактаза.

ТРЕБА ДА СЕ КОНСУЛТИРАТЕ СО ВАШИОТ ЛЕКАР

Некои стомачни болести имаат симптоми слични на симптомите на интолеранција на лактоза. Вашиот лекар може да ви помогне да ја одредите причината за вашите симптоми и кои испитувања да ги направите.

НЕ СЕКОЈ ИМА СИМПТОМИ

Лактоза може да произведе широк спектар на гастроинтестинални симптоми. Овие симптоми вклучуваат надуеност, гадење, гасови, абдоминална болка и дијареја. Сепак, може да имате недостаток на лактаза и да немате никакви знаци.

ОБИЧНО СЕ ПОЈАВУВА ВО ПОДОЦНА ВОЗРАСТ

Многу малку бебиња се раѓаат интолерантни на лактоза и мора да пијат адаптирано млеко без лактоза наместо мајчино млеко. Сепак, повеќето луѓе кои се интолерантни на лактоза, ја губат способноста да го варат млекото некаде по раѓањето. Обично, ова се случува на возраст од 2 до 12 години, иако може да не доживеете симптоми до доцна адолесценција или во подоцна возраст.

НЕ СТЕ САМИ

Дури 65% од луѓето ширум светот и 30 милиони Американци имаат одреден степен на интолеранција на лактоза. Почесто се појавува кај луѓе чие потекло е азиско, африканско, шпанско. Помалку веројатно е да бидат интолерантни на лактоза луѓето од северна или западна Европа.

ИНТОЛЕРАНЦИЈА НА ЛАКТОЗА НЕ Е АЛЕРГИЈА НА МЛЕКО

Алергијата на млеко е поретка, но поштетна од нетолеранцијата на лактоза. Ако сте алергични на млеко, вашето тело се бори со млечни производи како да е штетен напаѓач. Симптомите се обично потешки и може да вклучуваат отежнато дишење, чешање на очите и осип. Луѓето со оваа алергија мора целосно да избегнуваат млечни производи.

НЕ СИТЕ МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ СЕ ЗАБРАНЕТИ

Моментално на нашиот пазар се достапни многу млечни производи кои во својот состав немаат лактоза. Млечни производи кои имаат пониско ниво на лактоза и може да се варат во организмот уште полесно се тврди или стари сирења (пармезан или чедар) и јогурт.

ДИЈАГНОЗА

Во ПЗУ Авицена Лабораторија се работи најсовремен тест за генетско тестирање на интолеранција на лактоза со метод на PCR-реверзна хибридизација.

Тестот врши идентификација на два полиморфизми лоцирани на интрон 9 (С/Т13910) и 13 (G/A 22018) на MCM6 генот, кои се поврзани со перзистенција на лактазната активност кај возрасни и деца над 5 години.

Цена на тестот: 2.690,00 ден.

*Пред да почнете со било каква исхрана или да го утврдите степенот на интолеранција на лактоза консултирајте се со вашиот лекар.