0%
Loading ...

Ве известуваме дека во нашата лабораторија е достапна нова лабораториска анализа - Трансферин сатурација (TSAT) која претставува процент на трансферинските протеини во крвта кои во моментот се врзани со железо. Овој параметар дава информации за количината на железо која е достапна за ткивата и се користи за проценка на метаболизмот на железото и откривање на нарушувања поврзани со неговиот недостаток или прекумерно натрупување во организмот. Сатурацијата на трансферин се пресметува врз основа на вредностите на серумското железо и вкупниот капацитет за врзување на железо (TIBC).

Резултатите се издаваат во проценти.

Подготовка: Препорачливо е анализата да се направи наутро и на гладно (8–12 часа по последниот оброк). Доколку земате препарати со железо или суплементи поврзани со метаболизмот на железото, потребно е да не ги земате 5–6 дена пред анализата, бидејќи можат значително да влијаат врз реалниот резултат. За прекинување на терапија или суплементација, задолжително консултирајте се со вашиот лекар.

Примерок: серум.

Цена: 650 денари

За повеќе информации во врска со анализата, начинот на подготовка и условите за изведување, контактирајте нè на 02 3179 001.