fbpx

Оглас

Оператор во контакт центар

Опис на работната позиција:

 

Операторот во контакт центар е одговорен за обезбедување услуги на клиенти и нивна техничка поддршка преку телефон и/или е-маил адреса.

Вработениот на оваа работна позиција одговара на барањата на клиентите и обезбедува информации за услугите на компанијата како и општи информации за компанијата. Операторот покажува професионалност, познавање и трпеливост во интеракциите со клиентите.

 

Потребни квалификации:

 

  • Завршено минимум средно образование
  • Познавање на англиски јазик
  • Активно познавање на работа со компјутери и MS Office
  • Претходно работно искуство и/или стручни компетенции во иста или слична област ќе се смета за предност

 

Работни одговорности:

 

  • Одговарање на дојдовни телефонски повици и е-пошта од корисниците на услуги во лабораториите;
  • Закажување термини за извршување определена услуга, информирање и советување на корисниците на услуги во лабораториите;
  • Aдминистрирање на добиените информации во базата на податоци;
  • Останата административна поддршка во работењето.

 

Потребни вештини и способности:

 

  • Одлични комуникациски и организациски способности
  • Професионален и љубезен однос кон клиентите
  • Способност за индивидуална и тимска работa
  • Способност за брзо учење, самоиницијативност и динамичност

 

Работно време од 40 часа неделно, распределено во смени – од понеделник до петок, како и сабота во зависност од интерната организација и работното време на лабораториите.

 

Доколку сте заинтересирани да станете дел од нашиот тим, Ве молиме доставете ја вашата професионална биографија на e-mail: kariera@avicenalab.com.mk со назнака за оглас за Оператор во Контакт Центар” или на бул.  ,,8-ми Септември” бр. 2, лок. 1, Скопје во рок од 7 (седум) работни дена, односно од 09.10.2024 година до 18.10.2024 година.

 

Изборот за соодветен кандидат ќе се врши во рок од :

  • доколку се пријавиле до 200 кандидати за едно работно место, изборот се врши во рок од 45 дена,
  • од 201 до 500 кандидати за едно работно место, изборот се врши во рок од 90 дена и
  • над 500 кандидати за едно работно место, изборот се врши во рок од 120 дена, по истекот на рокот за пријавување.

Напомена: ПЗУ Авицена лабораторија Скопје сите апликации за вработување ќе ги третира како строго доверливи. Согласно Законот за заштита на личните податоци со самото доставување на Вашата апликација за работа, согласни сте Вашите лични податоци да бидат користени во процесот на регрутација и селекција на кадри во компанијата, кое гарантира дека освен за наведената цел Вашите лични податоци нема да бидат користени за ниту една друга цел, ниту пак достапни на трети лица и воедно напоменуваме дека сите апликации ќе бидат чувани 12 месеци, сметано од денот на нивниот прием, освен во случај кога апликанотот писмено ќе побара истите да бидат избришани пред истек на утврдениот рок.

Само апликациите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат контактирани.

 

 

Испратете ни го вашето CV

    * Со притискање на копчето „испрати“ се согласувате личните податоци да се чуваат во датабаза на ПЗУ Авицена лабораторија за регрутација на кадар.
    * Повеќе информации околу заштита на лични податоци можете да прочитате во За нас > Политика на приватност и заштита на личните податоци.