fbpx

По повод светската недела за подигнување свест на рак на грлото на матката, Д-р Константин Ицев одговара на најчесто поставуваните прашања во врска со ХПВ вирусот

Д-р Константин Ицев, раководител на одделот за микробиологија и молекуларна дијагностика во Авицена Лабораторија, по повод светската недела за подигнување на свеста за РГМ, одговара на најчесто поставуваните прашања во врска со HPV вирусот .

Што претставува HPV?

Одговор на доктор: ДНК вируси од фамилијата Papillomaviridae. Генотиповите кои се значајни за хуманата медицина се именувани како HPV  (Human papillomavirus).

Предизвикувачи се на генитални инфекции кои се многу чести кај сексуално активното население, околу 40 милиони случаи на годишно ниво. Голем број од инфицираните со HPV немаат симптоми и знаци на инфекција, додека кај останатите предизвикуваат прoмени кои се нарекуваат папиломи или генитални брадавици и водат до појава на карцином на грлото на матката, а се поврзани и со појавата на карцином на вагина, вулва, анус, пенис и орофаринкс.

Како може да добијам HPV?

Одговор на доктор: Доколку сте сексуално активни, вие може да се инфицирате со HPV. Се пренесува со генитален контакт, најчесто преку вагинален или анален сексуален однос. Најголем број од инфицираните не знаат дека го имаат вирусот или дека го пренесуваат на својот партнер. Важно е да се знае дека кондомите не овозможуваат 100% заштита од HPV, бидејќи вирусот се наоѓа и во кожата околу гениталиите, многу лесно може да преминe од гениталната регија на мажот во вагината, вулвата или анусот кај жената.

Дали HPV предизвикува рак на грлото на матката?

Одговор на доктор: Во поголем дел од случаите (9 од 10) имуниот систем ќе се избори со вирусот ,а инфекцијата со HPV исчезнува сама по себе.

Меѓутоа, кога инфекцијата со HPV перзистира извесно време, после години може да се развие карцином (рак на грлото на матката или на други делови на телото).

Дали ракот на грлото на матката може да се (превенира) спречи?

Одговор на доктор: Да. Постојат тестови со кои може да се пронајдат рани знаци, уште пред да се развијат симптомите. На овој начин, проблемот ќе се пронајде и реши уште пред да се развие во карцином.

Што е разликата меѓу PAP-тест и HPV-тест?

Одговор на доктор: И двата теста овозможуваат да се направи скрининг за цервикален карцином. Со PAP-тестот се бараат преканцерозни промени во клетките. Со HPV-тестот се детектира и генотипизира  вирусот на HPV кој ги предизвикува овие промени.

СЗО (светската здравствена организација)  ja препорачува HPV детекцијата и типизација кај популацијата со цел скрининг и превенција на појава на карцином. 

Дали ќе добијам рак на грлото на матката ако имам HPV?

Одговор на доктор:  Доколку ги следите  советите и упатствата од гинеколог  за соодветно тестирање и третман, ризикот за добивање на карцином се сведува на многу мал процент. Доколку имате HPV, Вашиот гинеколог ќе препорача почести контроли и тестирања, се со цел рано да се најдат евентуалните промени и истите соодветно да се третираат. Затоа, следете ги советите од Вашиот гинеколог.

Доколку имам HPV, дали ќе можам да останам бремена и родам здраво бебе?

Одговор на доктор: Постоењето на HPV не ја намалува шансата за бременост, но би можело да се пренесе на бебето (појава на респираторна папилома на ларинкс).

 Меѓутоа, доколку Ви е потребен третман на абнормалните клетки на грлото на матката (предизвикани од HPV), самиот третман може да влијае на шансите за забременување. Консултирајте се со Вашиот гинеколог во врска со ова.

Каде можам да направам HPV – тест?

Одговор на доктор: Правилното дијагностицирање на HPV е од огромна важност и е пресудно за понатамошниот третман на пациентот. 

Во Авицена Лабораторија се работат најсовремени тестови, со Multiplex real-time PCR технологија, Anyplex™ II HPV28 од производителот Seegene (Ј.Кореја), за високосензитивна и специфична молекуларна детекција и генотипизација на HPV вирус (Human papillomavirus). Единствен квалитативен и семиквантитативен клинички докажан тест препорачан од Светската Здравствена Органиција. Со овој тип на тестирање се врши детекција и поединечна генoтипизација на следните типови на HPV:

› 19 ВИСОКОРИЗИЧНИ ТИПОВИ НА HPV

(16, 18, 26, 31, 33, 35, 39, 45, 51, 52, 53, 56, 58, 59, 66, 68, 69, 73, 82)

› 9 НИСКОРИЗИЧНИ ТИПОВИ НА HPV

(6,11, 40, 42, 43, 44, 54, 61, 70)

Наведените генотипови на HPV се одговорни за над 97% случаи на цервикална дисплазија и цервикален канцер. Тестовите се со внатрешна контрола базирана на детекција на human β-globin генот, со што целосно се елиминира можноста за лажно негативни резултати. 

Тестовите се валидирани и CE сертифицирани, се работат со комплетно автоматизирани Real Time PCR инструменти и се одобрени за дијагностичка употреба. Ги обезбедуваат сите потребни информации (генотип, ко-инфекција, квантитативен резултат) во врска со инфекцијата, за да се олесни клиничкото следење на пациентот.

Издавање резултати: два работни дена

Достапен во сите лаборатории на Авицена Лабораторија

*Извор: https://www.iph.mk/rak-na-grlo-na-matka/