fbpx

Што треба да знаат идните родители за VERAgene?

VERAgene претставува најнова генерација неинвазивен пренатален тест на нашиот пазар кој за првпат е воведен од страна на нашата лабораторија и претставува единствениот тест кој се извршува со примерок од страна на двајцата родители за можни генетски нарушувања кај бебето за време на бременоста.

VERAgene е развиен од извонреден научен тим со над 25-годишно искуство во областа на пренаталната дијагностика, молекуларна медицина, геномика, транскриптомика и биоинформарика.

VERAgene врши скрининг на анеуплоидии, микроделеции и 2000 мутации на 100 моногенетски болести и со ова претставува сеопфатно решение со само еден тест за идните родители.

КАКО СЕ ИЗРАБОТУВА VERAgene?

За да се изработи тестот потребен е примерок ДНК од таткото со земање на букален брис, односно брис од внатрешната страна на образот и примерок венска крв од мајката.

Тестот се прави од 10-тата недела на бременоста на мајката.

Заедно ДНК примерокот од таткото и примерокот крв од мајката се анализираат со помош на најнова генерација технологија и биоинформатичка анализа.

ЗОШТО СЕ ВЕЛИ ДЕКА VERAGENE ИМА СУПЕРИОРНИ КАРАКТЕРИСТИКИ ВО ОДНОС НА ОСТАНАТИТЕ НЕИНВАЗИВНИ ПРЕНАТАЛНИ ТЕСТОВИ НА НАШИОТ ПАЗАР?

За разлика од останатите неинвазивни пренатални тестови, сега со VERAgene со само еден тест може да се направи комплетен скрининг на здравјето на бебето уште од мноу рана фаза на бременоста. VERAgene има супериорни карактеристики бидејќи е единствениот тест на нашиот пазар кој вклучува примерок од страна на двајцата родители и е единствен тест кој нуди истовремен скрининг за анеуплоидии, микроделеции и 2000 мутации на 100 моногенетски болести. Воедно, VERAgene за разлика од останатите пренатални тестови нема ограничување во однос на возраста кај идните родители и има конкурентна цена.

КОГА МОЖАМ ДА ГО НАПРАВАМ ТЕСТОТ?

Тестот може да го направи секоја трудница почнувајќи од  10 гестациска недела на бременоста. За да го направите тестот нема ограничувања во однос на возраста кај идните родители (мајката и биолошкиот татко).

ШТО ДЕТЕКТИРА ТЕСТОТ?

1. Анеуплоидии – Даунов синдром, Едвардсов синдром и Патау синдром.

2. Анеуплоидии на полови хромозоми – Тарнеров синдром (Моносомија X), Троен X-синдром (Трисомија X), Клинефелтеров синдром (XXY), Јакобсов синдром (XYY) и XXYY синдром.

3. 100 моногенетски болести – листа на сите болести погледнете ја на следниот линк.

4. Микроделеции  – DiGeorge синдром (22q11.2), 1p36 deletion синдром (1p36), Smith-Magenis синдром (17p11.2) и Wolf-Hirschhorn синдром (4p16.3).

5. Пол на бебето

КАКВО ВЛИЈАНИЕ ИМААТ 100 МОНОГЕНЕТСКИ БОЛЕСТИ КОИ ГИ ДЕТЕКТИРА VERAgene ВРЗ КВАЛИТЕТОТ НА ЖИВОТОТ?

Моногенетските болестите за кои врши скрининг често се поврзуваат со тешки состојби и со значително влијание врз квалитетот на животот. Најчесто се манифестираат со симптоми како што се вродени аномалии, доцнење во развојот, губење на слухот, слепило, метаболички нарушувања и многу други.

Кумулативниот ризик фетусот да биде засегнат од една од моногенетските болести кои се детектираат со VERAgene е 1 од 50 кај бремености со умерен до висок ризик.

ДАЛИ ИМА ОГРАНИЧУВАЊА ДОКОЛУ СЕ РАБОТИ ЗА БЛИЗНАЧКА БРЕМЕНОСТ ИЛИ БРЕМЕНОСТ ПО ПАТ НА ВЕШТАЧНО ОПЛОДУВАЊЕ?

Не. Тестот е валидиран и може да се направи и за време на близначка бременост како и за бремености по пат на вештачко оплодување.

ДАЛИ ПОСТОИ РИЗИК ВРЗ МАЈКАТА И БЕБЕТО?

Не! Тестот нема никаков ризик врз мајката и бебето. Примерок од мајката се зема од венска крв како и за секоја друга рутинска лабораториска анализа.

КОЈА Е ЦЕНАТА НА ТЕСТОТ?

Цената на VERAgene е 37.900 денари и истиот е достапен со плаќање на рати.

ПРОМОТИВНО, во текот на кампањата со секој направен VERAgene секоја трудница добива подарок Дневник за трудници како и подарок Gender reveal балон.

За подетални информации во врска со подароците ќе ве извести нашиот тим при земање примерок за VERAgene.

Зошто e потребен примерок од таткото за да се изработи VERAgene?

VERAgene преку ДНК од плодот која циркулира за време на бременоста во крвта на мајката детално и сеопфатно ги детектира анеуплоидиите и микроделециите.

Но, VERAgene моментално на нашиот пазар е единствениот неинвзивен пренатален тест кој освен анеуплоидиите и  микроделециите, детектира дополнителни 100 моногенетски болести кај плодот за време на бременоста. Моногенетските болести се состојби кои се предизвикани од мутација на еден ген, а можат да бидат пренесени кај плодот од мајката или од биолошкиот татко.

Затоа, VERAgene е единствениот сеопфтаен пренатален тест што ги вклучува двајцата родители бидејќи со користење најнова генерација генетско секвенционирање и биоинформатичка анализа се откриваат потенцијални генетски мутации кај родителите што може да се пренесат на плодот за време на бременоста.

ДАЛИ Е ПОТРЕБЕН ЗАКАЖАН ТЕРМИН?

Анализата може да се направи во сите лаборатории на Авицена Лабораторија без претходно закажан термин.

КАДЕ ДА СЕ ИНФОРМИРАМ ПОДЕТАЛНО ЗА VERAgene?

За подетални информации во врска со тестот консултирате се со вашиот доктор или за да разговарате со наш претставник побарајте нѐ на 02 3179 001.

Може да ве интересира…