fbpx

Вработување

Медицински лабораториски техничар во оддел Биохемија (2 позиции)

Опис на работната позиција:

Медицинскиот лабораториски техничар е одговорен за правилно земање на материјал за лабораториска анализа според стандардизирана лабораториска процедура, правилна припрема и обработка на примениот биолошки материјал. Вработениот на оваа работна позиција покажува професионалност, познавање и трпеливост во интеракциите со пациентите.

 

Потребни квалификации:

  • Завршено средно образование за медицински лабораториски техничар со положен стручен испит или ВСС од соодветната област
  • Работно искуство како медицински лаборант минимум 2 години
  • Познавање на англиски јазик
  • Познавање работа со компјутери-MS office
  • Возачка дозвола – Б категорија

Работни одговорности:

  • Врши прием на пациенти и правилно земање на материјал за лабораториска анализа според стандардизирана лабораториска процедура ( соодветно ракување и обележување);
  • Одговорен е за правилна дистрибуција на материјалот до соодветно место во лабораторијата;
  • Врши подготовка и проверка на реагенси, прибор за работа, инструменти и лабораториски процедури за тековниот ден;
  • Врши калибрација и контрола на калибрациите на анализите на автоматизирани лабораториски инструменти;
  • Врши изработка на анализи на соодветната апаратура во лабораторијата;
  • Води уредна евиденција на медицинска документација односно резултати на пациенти како и евиденција во компјутерски систем;
  • Постапува согласно стандардна процедура за прием на материјал од терен;
  • Врши други работни задачи како дел од работниот процес значајни за лабораторијата како и други работни задачи по налог на работодавачот во делокругот на работењето.

Потребни вештини и способности:

  • Професионален и љубезен однос кон пациентите
  • Примена на знаењето и искуство во тек на работата
  • Следење на иструкции и процедури за работа
  • Способност за индивидуална и тимска работa
  • Способност за брзо учење, самоиницијативност и динамичност

Работно време од 40 часа неделно, распределено во 2 смени – од понеделник до петок, како и сабота во зависност од интерната организација и работното време на лабораториите.

Доколку сте заинтересирани да станете дел од нашиот тим, Ве молиме доставете ја вашата професионална биографија на e-mail: kariera@avicenalab.com.mk со назнака за оглас за Медицински лабораториски техничар” или на бул.  ,,8-ми Септември” бр. 2, лок. 1, Скопје во рок од 14 (четиринаесет) работни дена, односно од 09.07.2024 година до 25.07.2024 година.

Изборот за соодветен кандидат ќе се врши во рок од :

  • доколку се пријавиле до 200 кандидати за едно работно место, изборот се врши во рок од 45 дена,
  • од 201 до 500 кандидати за едно работно место, изборот се врши во рок од 90 дена и
  • над 500 кандидати за едно работно место, изборот се врши во рок од 120 дена, по истекот на рокот за пријавување.

Напомена: ПЗУ Авицена лабораторија Скопје сите апликации за вработување ќе ги третира како строго доверливи. Согласно Законот за заштита на личните податоци со самото доставување на Вашата апликација за работа, согласни сте Вашите лични податоци да бидат користени во процесот на регрутација и селекција на кадри во компанијата, кое гарантира дека освен за наведената цел Вашите лични податоци нема да бидат користени за ниту една друга цел, ниту пак достапни на трети лица и воедно напоменуваме дека сите апликации ќе бидат чувани 12 месеци, сметано од денот на нивниот прием, освен во случај кога апликанотот писмено ќе побара истите да бидат избришани пред истек на утврдениот рок.

Само апликациите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат контактирани.

Испратете ни го вашето CV

    * Со притискање на копчето „испрати“ се согласувате личните податоци да се чуваат во датабаза на ПЗУ Авицена лабораторија за регрутација на кадар.
    * Повеќе информации околу заштита на лични податоци можете да прочитате во За нас > Политика на приватност и заштита на личните податоци.