fbpx

Албумин

Албумин

цена 120

За тестот:

Албуминот е протеин кој претставува 55-65% од плазматските протеини. Одредувањето на неговата концентрација често се прави во склоп на проценка на општата состојба на организмот, проценка на црнодробната функција, бубрежната функција и состојби на малнутриција (пр. хронично гладување). Ниски нивоа на албумин може да укажуваат на некое хронично заболување за кое се потребни
понатамошни испитувања. Зголемени нивоа на албумин се среќаваат при дехидратација на организмот.

Примерок:

Венска или капиларна крв.

Подготовка пред земање примерок:

За повеќето лабораториски испитувања на крвта неопходна е припрема која подразбира земање на примерок ( на празен стомак ) наутро, 12 часа од последниот оброк. Ова е неопходно затоа што консумацијата на храна во периодот пред земањето крв доведува до пораст на концентрацијата на глукоза, холестерол, липиди, протеини, железо и други метаболити.

За да се добијат веродостојни резултати, во договор со лекарот, вадењето крв треба да се прави после прекин со терапијата и wash out периодот (времето неопходно целиот лек да се исфрли од организмот и реално се одредат нови базални вредности). Ова особено се однесува на терапија со железо, витамински препарати,
хормонска терапија и др.