fbpx

Билирубин директен (конјугиран)

Билирубин директен (конјугиран)

цена 130

За тестот:

Кај деца и кај возрасни, билирубинот се користи за следење и/или дијагноза на болести на црниот дроб (цироза, хепатитис, камења во жолчно ќесе, Жилбертов
синдром), како и кај лица со хемолитични анемии. За овие цели, билирубинот може да се мери како тотален, конјугиран или неконјугиран. Одредувањето на билирубин кај новороденчиња е дел од стандардната нега на новородените, бидејќи високата концентрација на неконјугиран билирубин може да ги оштети мозочните клетки кои се во развој и да предизвика потешки оштетувања

Примерок:

Венска или капиларна крв

Подготовка пред земање примерок:

За повеќето лабораториски испитувања на крвта неопходна е припрема која подразбира земање на примерок ( на празен стомак ) наутро, 12 часа од последниот
оброк. Ова е неопходно затоа што консумацијата на храна во периодот пред земањето крв доведува до пораст на концентрацијата на глукоза, холестерол,
липиди, протеини, железо и други метаболити.
За да се добијат веродостојни резултати, во договор со лекарот, вадењето крв треба да се прави после прекин со терапијата и wash out периодот (времето неопходно
целиот лек да се исфрли од организмот и реално се одредат нови базални вредности). Ова особено се однесува на терапија со железо, витамински препарати,
хормонска терапија и др