fbpx

Авицена Лабораторија го донесе на македонскиот пазар најсеопфатниот неинвазивен пренатален тест од најновата генерација ‒ VERAgene, кој нуди пренатална анализа на микроделеции, анеуплоидии и 100 моногенетски заболувања кај плодот за време на бременоста.

VERAgene има супериорни перформанси во споредба со останатите неинвазивни пренатални тестови што се достапни на нашиот пазар, а претставува единствен скрининг тест што ги вклучува двајцата родители и што детектира над 100 моногенетски болести.

Моногенетските болести за кои се врши скрининг тестот VERAgene често се поврзуваат со тешки состојби и со значително влијание врз квалитетот на животот. Најчесто се манифестираат со симптоми, како што се вродени аномалии, доцнење во развојот, губење на слухот, слепило, метаболички нарушувања и многу други.

Неинвазивните пренатални тестови се присутни повеќе години во нашата држава, а сè повеќе трудници се одлучуваат на овој начин да добијат информации за здравјето на своето бебе. Овој скрининг метод може да помогне да се избегнат инвазивните процедури, како што е аминоцентезата и истовремено даваат точни одговори на многу прашања што ги мачат сите идни мајки.

Пренаталните тестови се, пред сè, многу удобни за трудницата и, што е најважно ‒ тие се целосно безбедни и за мајката и за бебето. Од исклучително мал примерок од венската крв на мајката, со анализа на ДНК на бебето што циркулира во крвта на мајката, може точно да се процени здравствената состојба на бебето во најраната фаза од бременоста.

Со VERAgene отвораме ново поглавје во пренаталниот скрининг, бидејќи со користење нова генерација генетско секвенционирање и биоинформатичка анализа се откриваат потенцијални генетски мутации кај родителите што може да се пренесат на плодот за време на бременоста. Моментално на нашиот пазар, тестот претставува најсеопфатно решение за идните родители. Може да го направи секоја трудница почнувајќи од десеттата недела на бременоста, а потребно е само да ги посетат нашите лаборатории, каде што нашиот стручен тим ќе земе примерок крв од мајката и брис од биолошкиот татко. Прикладен е за близначка бременост, како и за бремености по пат на вештачко оплодување.”

Резултатите од VERAgene, трудниците може да ги очекуваат за 7-10 работни дена и може лично да ги подигнат во Авицена Лабораторија.

За подетални информации во врска со тестот кликнете на линковите:

Што е глутен и кои намирници го содржат?

Глутенот е комплексен растителен протеин кој се наоѓа во одредени житарици како пченица, јачмен, ‘рж и овес. Се состои од протеините глијадин и глутенин и ја дава еластичноста на тестото подготвено од брашната од овие житарици, односно, помага на храната да ја задржи својата форма, делувајќи како лепак. Поради ова негово својство, глутенот се додава во многу други намирници, за подобрување на текстурата, за згуснување, стабилизирање. Па така, покрај тестенините и печивата, глутенот е составен дел и може да се најде во многу други прехрабени производи како, пиво, сокови, кечап, преработки од месо, сладоледи, десерти, козметички производи за кожа и коса, лекови и др. Токму заради неговата застапеност во сите производи, глутенот во изминатите години стана тема од значителен интерес и истражување, поради различни медицински и немедицински причини, а интересот доведе до огромно количество литература и информации кои повремено се збунувачки и погрешни. Овој преглед ги категоризира болестите и состојбите поврзани со глутен врз основа на потврдени медицински факти и студии.

Целијакија, интолеранција на глутен и алергија на глутен се состојби на организмот кои директно се засегнати од глутенот и чиј што примарен третман е избегнување на глутенот. Иако се слични во однос на симптомите, сепак постои разлика помеѓу секоја од овие специфични состојби.

Што е целијакија (целијачна болест)?

Целијакија е вродено гастроентеролошко автоимуно заболување кое се карактеризира со осетливост на храна која содржи глутен. Доколку со храната се внесе глутен, дури и во минимални количини, имуниот систем на организмот има силна реакција на глутенот. Со тек на време, воспалителните процеси предизвикуваат оштетување на ресичките на тенкото црево, лигавицата на цревата станува рамна, се пореметува функцијата на цревата и ресорпцијата на хранливите материи преку храната е намалена или оневозможена. Храната едноставно не се задржува во организмот, па по пат на течни и обилни столици се исфрла, што дополнително го отежнува процесот на ресорпција на хранливи материи.

Симптоми: Знаците и симптомите на целијакија може многу да варираат и да се разликуваат кај децата и возрасните. Дигестивни знаци и симптоми кај возрасни вклучуваат дијареа, замор, губење на тежина, надуеност и гасови, абдоминална болка, гадење и повраќање, запек. Сепак, повеќе од половина од возрасните со целијачна болест имаат знаци и симптоми кои не се поврзани со дигестивниот систем, вклучувајќи анемија, остеопороза, главоболки, дерматолошки промени, болки во зглобовите и мускулите, невролошки промени вклучувајќи мозочна магла, вкочанетост, пецкање во стапалата и рацете, па до анксиозност и депресија.

Што е интолеранција на храна?

Нецелијачна чувствителност на глутен, попозната како интолеранција на глутен е најчесто одложена реакција на организмот на глутен, која не е од автоимуна природа како кај целијакија, ниту пак е вклучена појава имуноглобулин Е (IgE) како кај алергиите, односно, станува збор за реакција која е комплетно различна од алергиска реакција. Станува збор за низок степен на перзистентна (долготрајна) хронична воспалителна реакција која трае се додека во организмот се внесува глутенот.

Симптомите на интолеранција на глутен и целијакија се многу слични. Иако и двете состојби предизвикуваат негативен одговор на телото кон глутенот, двата типа на одговори се разликуваат по интензитетот, времетраењето и последиците кои ги оставаат на организмот.

Кај лицата со интолеранција, при внес на глутен се јавува краткотрајна надуеност и болки во стомакот и вообичаено не се предизвикува долготрајна штета на телото, односно, не доаѓа до оштетување на цревните ресички и ткивото на тенкото црево.

Симптомите на интолеранција се многу променливи. Тие вклучуваат надуеност, абдоминална болка и дијареа, симптоми кои имитираат синдром на нервозно дебело црево. Други цревни манифестации вклучуваат гадење, рефлукс на киселина, запек. Поединци може да имаат неинтестинални симптоми како што се општо лошо чувство, замор, главоболки, замаглен ум, вкочанетост, болки во зглобовите или хронични промени на кожата. Едно лице може да има еден или повеќе симптоми.

Клиничките симптоми на интолеранција на глутен и целијакија се преклопуваат што го отежнува разликувањето на двете состојби само врз основа на симптомите.

Алергија на глутен

Алергијата на глутен е специфична имунолошка реакција на организмот кон глутенот при која одреден вид на бели крвни клетки, наречени Б-клетки, продуцираат имуноглобулин Е (IgE) антитела за напад на молекулите на глутенот. Во исто време, локалните ткива во телото испраќаат природни хемиски гласници за да го предупредат остатокот од телото дека има проблем. Оваа реакција се случува многу брзо (во рок од неколку минути до неколку часа) и може да вклучи низа симптоми од гадење, абдоминална болка, чешање, отекување на усните и јазикот, до проблеми со дишењето или анафилакса (реакција опасна по живот). Симптомите при алергија на глутен може да бидат многу слични на оние при интолеранција и не секогаш може јасно да се разликуваат, но разлики сепак постојат: алергиите се најчесто со акутен почеток (2 часа или помалку), додека интолеранцијата е побавна – со одложен и непрепознатлив почеток на манифестирање на проблемите (до 72 часа), алергиите може да бидат предизвикани и од присуство на трагови од алергените, додека кај интолерацијата е битна и количината на храната.

Дијагностицирање

Поради сличноста во симптомите, многу е тешко да се направи јасна диференцијација помеѓу овие 3 состојби и да се постави точна дијагноза, со оглед на тоа дека овие симптоми се преклопуваат и со други болести и состојби. Затоа, потребна е консултација со лекар кој во согласност со клиничката манифестација и анамнеза на пациентот, ќе препорача да се направат соодветни лабораториски анализи. Особено важно е лабораториските тестови кои се користат да бидат сигурни, сертифицирани и од докажан производител, како тестовите што се работат во Авицена Лабораторија, со кои брзо и едноставно може да се утврди причината за појавата на симптомите, односно, се прави јасна диференцијација помеѓу интолеранција, алергија на глутен и целијакија.

Во Авицена Лабораторија се изработуваат и најсовремени квантитативни алерготестови преку крв, единствени на пазарот со стандардна крива калибрирана согласно стандардот на Светската Здравствена Организација „2nd WHO IRP 75/502 for human IgE“.

Тестовите се организирани во вид на панели (нутритивни, педијатриски, инхалаторни, комбинирани и посебно прилагодени за нашето подрачје) и вклучуваат 20 поединечни алергени меѓу кои е и глутенот. Се изработуваат преку крв, а резултатите се готови за само неколку часа. Повеќе за алерготестовите на следниот линк.

Третман

Третманот за целијакија и алергија на глутен е придржување до строга безглутенска диета. Дури и најмала количина на глутен во траги, може да предизвика сериозна реакција на организмот.

При интолеранција на глутен, степенот до кој треба да се елиминира глутенот од животниот стил зависи од сериозноста на симптомите и нивото на толеранција на самата индивидуа.

Молекуларен тест за целијакија

Real-time PCR тест за одредување генетска склоност кон развој на целијакија (глутен- ентеропатија)

Целијачната болест е автоимуно заболување (наречена уште и ентеропатија), која се карактеризира со нетолеранција на глутен. Се дефинира и како мултифакторна болест со силна генетска компонента. Генетската подложност на целијачна болест вклучува присуство на HLA-DQ2 / HLA-DQ8 хетеродимери, кои играат клучна улога во патогенезата на болеста, за активација на имунолошкиот одговор. Кај 90-95% од пациентите со целијакија постои експресија на HLA-DQA1*05 / DQB1*02 хетеродимерот.

Во Авицена Лабораторија е достапен високо сензитивен молекуларен тест за одредување генетска склоност кон целијакија, со анализа на ДНК изолирана од крвта на пациентот.

Тестот се базира на RT PCR технологија за брза и прецизна идентификација на HLA алели од класа II – специфични за целијакија.

Генетската подложност на целијакија вклучува присуство на HLA-DQ2 / HLA-DQ8 хетеродимери, кои играат клучна улога во патогенезата на болеста преку нивната способност да го презентираат антигенот и да го активираат имунолошкиот одговор.

  • дијагностички тест кој помага во дијагнозата на целијачна болест.
  • oвој тест е особено важен во случаи кога има отстапувања помеѓу серолошките испитувања преку крв и/или цревната биопсија.
  • Генетското тестирање се применува и за идентификација на луѓе предиспонирани за целијачна болест, особено во високоризични групи, како што се роднините од прв степен на лица болни од целијакија.
  • Пациенти со други автоимуни (дијабетес тип I, тироидитис и мултиплекс склероза) или генетски болести (Даунов синдром, Тарнеров синдром или Вилијамс синдром).

Познавањето со генотипот HLA од класа II кај оние со ризик од целијачна болест може да ги подобри дијагностичките стратегии, прогнозата и клиничкото следење.

Примерок: венска или капиларна крв

Цената на генетскиот тест за Целијакија можете да ја разгледате на следниот линк.

Издавање резултати: за 1 работен ден

Светскиот ден за борба против  ракот кој се одбележува секој 4 февруари е глобална иницијатива предводена од Унијата за меѓународна контрола на ракот (UICC). Со подигање на светската свест, подобрување на образованието и катализирање на лична, колективна и владина акција, сите ние работиме заедно за да изградиме свет каде што се спасуваат милиони смртни случаи од рак, а пристапот до третман и грижата кој спасува живот е еднаков за сите – без разлика кој си или каде живееш.

Така, темата на овогодинешниот Светски ден за борба против ракот, „Close the Care Gap“, е само подигање на свеста за овој јаз во нееднаквоста што ги погодува речиси сите, во земјите со високи и со низок и среден приход, и чини животи.

Моментално има 19,3 милиони нови случаи од рак за една година во светот. Сепак, 30-50% од сите видови на рак може да се спречат. Намалете ги ризиците од рак со здрави животни навики, редовен скрининг, порано откривање и навремено лекување.

Најдобра превенција е редовна контрола, вршење редовни проверки и посета/консултација со  доктор.

Вашиот доктор може да препорача да направите повеќе видови крвни лабораториски анализи со цел да добие појасна слика што се случува во вашето тело. Тумор маркерите претставуваат супстанции (протеини, ензими, хормони и сл.) кои се лачат во организмот како последица на негов одговор при постоење на некоја бенигна или малигна појава. Нивното мерење и идентификација е корисно во помош при поставување на дијагнозата, како и за следење на прогресот/текот на болеста и успехот од терапијата.

На што укажуваат вредностите на туморските маркери?

При хемотерапија, хормонска и зрачна терапија, движењето на вредностите на маркерите во крвта може да се користи за проценка на делотворноста на терапијата. Доколку вредностите опаѓаат, тоа е показател дека постои одговор на терапијата. Во спротивно, покачените вредности на тумор маркерите при контролните прегледи сугерираат на повторно појавување на туморот или на создавање метастази (и тоа го прават дури шест месеци порано отколку рендгенскиот или ултразвучниот преглед), со тоа тераписката стратегија треба да се промени.

Во Авицена Лабораторија се достапни повеќе видови тумор маркери зависно за кој дел од телото е потребно да се направи скрининг:

AFP (Алфа – фетопротеин)

Нивото на алфа-фетопротеин во серумот служи како маркер за хепатоцелуларен карцином и метастатски тумор на црниот дроб. Освен тоа, овој маркер се користи и за  проценка на ризикот од појава на дефекти кај плодот ( на пр. дефекти на неврална туба)

(CA 15-3) (“cancer antigen”- канцер антиген 15-3)

Овој маркер, има најголемо значење во контролата на текот на болеста кај пациентките со малигни неоплазми на дојки. Висината на вредностите на маркерот во голема мера е зависна од активноста на болеста и може да се користи во диференцијално-дијагностички цели при заболувања на дојките на жените. При заедничко одредување на СА 15-3 и СЕА со сигурност од 80% се открива метастазирање на ракот на дојката.

(CA 19 – 9)

Овој маркер има значење пред се кај туморите на панкреасот и жолчните патишта. Тумори кои зачестено можат да дадат покачени вредности на СА 19-9 се: малигнитети на панкреасот, карцином на жолчните патишта, карцином на желудникот и на дебелото црево.

CA 125

CA 125 во прв ред има значење како туморски маркер за детекција на малигни неоплазми на јајници. Останати заболувања кои можат да дадат покачени вредности на СА 125 се: цироза на црн дроб, акутен панкреатитис (воспаление на панкреасот), акутен холециститис (воспаление на жолчното ќесе) и други бенигни гинеколошки заболувања или воспаленија.

HE-4 (хуман епидидимис протеин 4) и НЕ-4 + СА-125 (ROMA INDEX)

HE-4 (хуман епидидимис протеин 4) е серумски биомаркер, чија концентрација значително се зголемува кај пациенти со епителијален оваријален карцином и има поголема сензитивност и специфичност од СА-125 маркерот. Се употребува како помош во дијагноза, како и следење на одговорот на терапија кај пациенти со оваријален карцином. Кога се комбинира заедно со  СА-125 маркерот, во голема мера се зголемува сензитивноста и специфичноста на самиот СА-125 маркер.

Комбинацијата од НЕ-4 + СА-125 (ROMA INDEX) претставува нова алатка за диференцијална дијагноза во утврдувањето дали туморската маса во малата карлица е бенигна или малигна, како кај пременопаузалните така и кај постменопаузалните жени и овозможува стратификација на ризик и насока за понатамошен третман.

CA 72-4

Туморски маркер за повеќе аденокарциноми, меѓу кои и карцином на желудник. Вредностите на овој маркер во серумот се совпаѓаат со стадиумот на болеста. Колку е стадиумот на болеста понапреднат, толку и серумските вредности на CA 72-4 се повисоки.

S 100 протеин

S – 100 има прогностичко значење и дијагностичка вредност кај пациенти со малигнен меланом.

СЕА (carcino-embryonic antigen; карцино-ембрионален антиген)

Неспецифичен тумор-маркер кој се одредува во комбинација со специфични тумор-маркери за следење и прогноза кај заболените од различни видови на карциноми, како при колоректален карцином. Одредувањето на вредностите на СЕА игра важна улога кај  рак на дебелото црево, каде висината на вредностите е директно зависна од стадиумот на туморот.

PAP (простатична кисела фосфатаза) и PSA (простата специфичен антиген)

ПАП, заедно со ПСА се маркери за следење на заболените од карцином на простата. За рано препознавање на карциномот на простатата покрај клиничкиот преглед важно е да се одредат маркерите кои ќе го докажат постоењето на болеста. Тоталниот/вкупен ПСА, киселата фосфатаза и ПАП (простатичната кисела фосфатаза) се најважни маркери за рано откривање на карциномот на простатата, во комбинација со лекарски преглед и други клинички испитувања.

Што значат резултатите?

Резултатите од тестот мора внимателно да се толкуваат бидејќи неколку фактори можат да влијаат на резултатите од тестот.

Дополнително, имајте на ум дека неканцерозните состојби понекогаш може да предизвикаат абнормални резултати од тестот.

Вашиот лекар задолжително мора да ги прегледа вашите резултати од направените тестови  и да даде насоки за понатамошни испитувања и/или третман.

Превентивни мерки

– пушењето е докажана причина за рак. Заради тоа, ова е причина на која лесно може да се влијае

– консумацијата на алкохол  исто така може да се спречи

– телесната тежина и дебелината – еден од најдобрите начини да се намали ризикот од рак, по откажувањето од пушењето, е да се задржи здравата телесна тежина

– физичката неактивност – да се биде неактивен го зголемува ризикот од голем број на случаи на рак

– исхраната – од сите нешта во нашиот начин на живот, кои се поврзани со ракот, нашата исхрана е можеби најмногу зборуваното. Балансирана исхрана богата со растителни влакна, овошје и зеленчук и ниско ниво на црвено и обработено месо, заситени масти и сол можат да го намалат ризикот од рак

– УВ зрачењето од сонцето и солариумите – иако ни е потребна мала количина на УВ за да создадеме витамин Д, прекумерни количини може да предизвикаат рак на кожата

– инфекциите – иако луѓето не можат да добијат рак едни од други, некои видови на рак се предизвикани од инфекции со вирусите и бактериите. Затоа, од големо значење е да се внимава на заштитени сексуални односи кои може да го спречат преносот на хепатитис Б и Ц, кои може да доведат до рак на црниот дроб; и ХПВ, кој предизвикува неколку видови на рак, вклучувајќи ги речиси сите случаи на рак на грло на матката.

Д-р Константин Ицев, раководител на одделот за микробиологија и молекуларна дијагностика во Авицена Лабораторија, по повод светската недела за подигнување на свеста за РГМ, одговара на најчесто поставуваните прашања во врска со HPV вирусот .

Што претставува HPV?

Одговор на доктор: ДНК вируси од фамилијата Papillomaviridae. Генотиповите кои се значајни за хуманата медицина се именувани како HPV  (Human papillomavirus).

Предизвикувачи се на генитални инфекции кои се многу чести кај сексуално активното население, околу 40 милиони случаи на годишно ниво. Голем број од инфицираните со HPV немаат симптоми и знаци на инфекција, додека кај останатите предизвикуваат прoмени кои се нарекуваат папиломи или генитални брадавици и водат до појава на карцином на грлото на матката, а се поврзани и со појавата на карцином на вагина, вулва, анус, пенис и орофаринкс.

Како може да добијам HPV?

Одговор на доктор: Доколку сте сексуално активни, вие може да се инфицирате со HPV. Се пренесува со генитален контакт, најчесто преку вагинален или анален сексуален однос. Најголем број од инфицираните не знаат дека го имаат вирусот или дека го пренесуваат на својот партнер. Важно е да се знае дека кондомите не овозможуваат 100% заштита од HPV, бидејќи вирусот се наоѓа и во кожата околу гениталиите, многу лесно може да преминe од гениталната регија на мажот во вагината, вулвата или анусот кај жената.

Дали HPV предизвикува рак на грлото на матката?

Одговор на доктор: Во поголем дел од случаите (9 од 10) имуниот систем ќе се избори со вирусот ,а инфекцијата со HPV исчезнува сама по себе.

Меѓутоа, кога инфекцијата со HPV перзистира извесно време, после години може да се развие карцином (рак на грлото на матката или на други делови на телото).

Дали ракот на грлото на матката може да се (превенира) спречи?

Одговор на доктор: Да. Постојат тестови со кои може да се пронајдат рани знаци, уште пред да се развијат симптомите. На овој начин, проблемот ќе се пронајде и реши уште пред да се развие во карцином.

Што е разликата меѓу PAP-тест и HPV-тест?

Одговор на доктор: И двата теста овозможуваат да се направи скрининг за цервикален карцином. Со PAP-тестот се бараат преканцерозни промени во клетките. Со HPV-тестот се детектира и генотипизира  вирусот на HPV кој ги предизвикува овие промени.

СЗО (светската здравствена организација)  ja препорачува HPV детекцијата и типизација кај популацијата со цел скрининг и превенција на појава на карцином. 

Дали ќе добијам рак на грлото на матката ако имам HPV?

Одговор на доктор:  Доколку ги следите  советите и упатствата од гинеколог  за соодветно тестирање и третман, ризикот за добивање на карцином се сведува на многу мал процент. Доколку имате HPV, Вашиот гинеколог ќе препорача почести контроли и тестирања, се со цел рано да се најдат евентуалните промени и истите соодветно да се третираат. Затоа, следете ги советите од Вашиот гинеколог.

Доколку имам HPV, дали ќе можам да останам бремена и родам здраво бебе?

Одговор на доктор: Постоењето на HPV не ја намалува шансата за бременост, но би можело да се пренесе на бебето (појава на респираторна папилома на ларинкс).

 Меѓутоа, доколку Ви е потребен третман на абнормалните клетки на грлото на матката (предизвикани од HPV), самиот третман може да влијае на шансите за забременување. Консултирајте се со Вашиот гинеколог во врска со ова.

Каде можам да направам HPV – тест?

Одговор на доктор: Правилното дијагностицирање на HPV е од огромна важност и е пресудно за понатамошниот третман на пациентот. 

Во Авицена Лабораторија се работат најсовремени тестови, со Multiplex real-time PCR технологија, Anyplex™ II HPV28 од производителот Seegene (Ј.Кореја), за високосензитивна и специфична молекуларна детекција и генотипизација на HPV вирус (Human papillomavirus). Единствен квалитативен и семиквантитативен клинички докажан тест препорачан од Светската Здравствена Органиција. Со овој тип на тестирање се врши детекција и поединечна генoтипизација на следните типови на HPV:

› 19 ВИСОКОРИЗИЧНИ ТИПОВИ НА HPV

(16, 18, 26, 31, 33, 35, 39, 45, 51, 52, 53, 56, 58, 59, 66, 68, 69, 73, 82)

› 9 НИСКОРИЗИЧНИ ТИПОВИ НА HPV

(6,11, 40, 42, 43, 44, 54, 61, 70)

Наведените генотипови на HPV се одговорни за над 97% случаи на цервикална дисплазија и цервикален канцер. Тестовите се со внатрешна контрола базирана на детекција на human β-globin генот, со што целосно се елиминира можноста за лажно негативни резултати. 

Тестовите се валидирани и CE сертифицирани, се работат со комплетно автоматизирани Real Time PCR инструменти и се одобрени за дијагностичка употреба. Ги обезбедуваат сите потребни информации (генотип, ко-инфекција, квантитативен резултат) во врска со инфекцијата, за да се олесни клиничкото следење на пациентот.

Издавање резултати: два работни дена

Достапен во сите лаборатории на Авицена Лабораторија

*Извор: https://www.iph.mk/rak-na-grlo-na-matka/

Што е хламидија?

Хламидиите се интрацелуларни бактерии кои се предизвикувачи на генитални (Chlamydia trachomatis), респираторни инфекции и инфекции на очите (трахом).

Колку се чести гениталните инфекции предизвикани од Chlamydia trachomatis?

Тие се едни од најчесто детектираните сексуално преносливи инфекции. Најчесто се детектира кај младите луѓе. Две третини од новите инфекции предизвикани од хламидија се јавуваат кај лица на возраст од 15-24 години. Се проценува дека 1 од 20 сексуално активни млади жени на возраст од 14-24 години има хламидија. (1-2)

Како луѓето се инфицираат со хламидија?

Хламидија се пренесува преку незаштитен вагинален, анален или орален сексуален однос, со лице инфицирано со хламидија. Хламидијата, исто така, може да се пренесе од мајката на нејзиното бебе за време на породувањето.

Кој е изложен на ризик од хламидија?

Секоја сексуално активна личност може да биде заразена со хламидија. Таа е многу честа сексуално пренослива болест, особено кај младите луѓе.

Кои се симптомите на хламидија?

Хламидијата е позната како „тивка“ инфекција бидејќи повеќето инфицирани се асимптоматски и немаат абнормални наоди на преглед. Меѓутоа, со оглед на релативно бавниот циклус на репликација на бактеријата, симптомите може да се појават дури неколку недели по незаштитениот контакт со заразеното лице.

Кај жените, хламидијата најчесто предизвикува цервицит и ендометрит колонизирајќи го грлото на матката (слузаво-гноен ендоцервикален исцедок, лесно индуцирано ендоцервикално крварење) и уретрит. Кај мажите, инфекцијата со хламидија може да доведе до уретрит, со мукоиден или воден исцедок од уретрата. Некои мажи развиваат епидидимит со болка во тестисите, осетливост и оток.

Какви компликации може да произлезат од инфекција предизвикана од хламидија?

Инфекцијата од хламидија често поминува незабележана, бидејќи кај голем процент на лица останува асимптоматска инфекција. Сепак, доколку не се лекуваат, хламидијалните инфекции може да доведат до сериозни здравствени проблеми со краткорочни и долгорочни последици.

Кај жените, нетретираната инфекција предизвикана од хламидија може да се прошири во матката или јајцеводите и да предизвика пелвична инфламаторна болест (ПИД), која може да доведе до непроодност на јацеводите, инфертилитет или ризична бременост.

Кај трудниците, нетретираната хламидија е поврзана со предвремено породување, како и со воспаление на очите (конјунктивитис) и пневмонија кај новороденчето.

Кој треба да се тестира за хламидија?

Секоја сексуално активна личност може да биде инфицирана со хламидија. Секој со генитални симптоми како што се:

– исцедок,

-печење за време на мокрењето,

-невообичаени рани или осип

треба веднаш да се јави кај својот лекар!

Кои лабораториски анализи вршат детекција на хламидија?

Во Авицена Лабораторија се достапни повеќе видови тестови за Chlamydia Trachomatis:

1.Tест за детекција на C.trachomatis со директна имунофлуоресценција

Високоспецифичен и сензитивен тест во рутинска детекција на хламидии, кој се работи од генито-уринарни примероци и брис од конјунктива.

2. Серолoшки тестови за антитела кон C.trachmatis

Серолошките тестови за антитела кон хламидија, укажуваат на имунолошки одговор на организмот, при акутна или мината инфекција.

3. PCR молекуларен метод на детекција на  C.trachmatis

Молекуларните тестови се високоспецифични и високосензитивни тестови за детекција на генетскиот материјал (ДНК) на самиот микроорганизам, при што резултатот се добива за само 2 часа.

Во Авицена Лабораторија е достапен нов молекуларен тест, CE-IVD сертифициран и супериорен по својата сензитивност и специфичност.

Консултирајте се со Вашиот лекар / гинеколог во врска со Вашата здравствена состојба.

Референци:

1.O’Farrell N, Morison L, Moodley P, et al. Genital ulcers and concomitant complaints in men attending a sexually transmitted infections clinic: implications for sexually transmitted infections management. Sexually transmitted diseases 2008;35:545-9.

2. White JA. Manifestations and management of lymphogranuloma venereum. Current opinion in infectious diseases 2009;22:57-66.

Информациите и статистиките во текстот се преземени од CDC –Center for Disease Control: https://www.cdc.gov/std/chlamydia/stdfact-chlamydia-detailed.htm#_ENREF_1

Во Авицена лабораторија е достапен молекуларен PCR тест кој истовремено детектира COVID-19 и сезонски грип.

Во Авицена лабораторија е достапен високоспецифичен молекуларен rReal-Time PCR тест за истовремена детекција, идентификација и диференцијација помеѓу новиот коронавирус SARS-CoV-2 и сезонски грип.

Во зимскиот период, кога се чести и сезонските настинки и грипот, во време на пандемија со COVID-19, многу луѓе се обидуваат да го најдат одговорот на прашањето – кои се клучните симптоми преку кои може да се направи разлика меѓу овие заболувања?

COVID-19, грипот и настинките делат голем број на карактеристики и широк спектар на слични или исти симптоми кои го отежнуваат диференцирањето на почетокот на болеста.

За соодветен третман на секое респираторно заболување, секогаш е многу важно да се знае вистинскиот причинител на заболувањето, со цел да се делува навремено и насочено кон соодветниот причинител.

Постојат многу различни симптоми кои се појавуваат кај лицата со COVID-19. Mногу од нив, исти или слични се појавуваат и при настинки и сезонски грип, а поретко и при алергии. Најчести симптоми кои се карактеристични за SARS-CoV-2 вирусот и вирусот на грип А и Б (Influenza A/ Influenza B) се: покачена телесна температура/треска, кашлица, недостаток на здив/отежнато дишење, болки во грлото, затнат нос, мускулни болки, главоболка, а некои луѓе, се јавуваат дијареа и повраќање.

Главната разлика во симптомите претставува губењето на вкусот и мирисот, пријавено кај одреден процент кај луѓето инфицирани со SARS-CoV-2, односно пациентите кај кои бил потврден COVID-19. Секако, разлика постои и во периодот на инкубација на вирусите, односно, времето кога ќе се појават симптомите од ризичниот контакт, нивниот интензитет и времетраење.

Сепак, заради сличноста помеѓу симптомите на овие инфекции, многу тешко се воспоставува разлика, па затоа најточна дијагностичка алатка претставуваат лабораториските тестови, во консултација со лекар.

Со овој PCR тест пациентите ќе имаат можност со рана детекција да го утврдат причинителот на респираторното заболување (SARS-CoV-2, вирус на грип А и Б и респираторен синцицијален вирус) и според добиените резлутати да добијат соодветна терапија која ќе им помогне подобро и побрзо да се справат со инфекцијата.

Комбинираниот молекулерен rReal-Time PCR за детекција на COVID-19 и сезонски грип е достапен во Авицена лабораторија во Скопје, населба Тафталиџе, без закажан термин.

Срцеви биомаркери

Модерната превентивна медицина цели кон тоа да прави скрининг во популацијата со цел да се откријат оние кои имаат ризик да развијат одредено заболување, однoсно да се откријат оние кај кој процесот е веќе одамна започнат, но сеуште не е проследен со симптоми. Така, денеска ризикот за настанување на кардиоваскуларните инциденти може да се толкува врз основа на многу лабораториски параметри како би се превземале навремени превентивни мерки.

Што се срцеви маркери?

Срцеви маркери се биомаркери (супстанци) кои се ослободуваат во крвта и чија концентрација се мери со цел да се оцени правилната функција на срцето.

Зошто се мерат?

Мерењето на срцевите маркери помага во проценка на ризикот, дијагностицирање, следење и справување со срцевите проблеми, овозможувајќи брзо започнување на превентивни и терапевтски мерки.

Авицена Лабораторија ви нуди најсовремени високосензитивни тестови на Siemens Healthcare Diagnоstics восогласност со препораките на ESC (European Society of Cardiology) и ACC (American College of Cardiology Foundation) за одредување на концентрацијата на сите важни срцеви маркери во крвта.

1.Високо сензитивен C – реактивен протеин (hsCRP)

Високо сензитивен C – реактивен протеин (hsCRP)

► hsCRP е индикатор за настанување некакво кардиоваскуларно пореметување кај возрасни лица, без претходна историја за постоење болест.

► hsCRP ја подобрува проценката на ризикот и одговорот на терапија во примарната превенција на кардиоваскуларни заболувања.

he hsCRP test hsCRP тестoт врши квантитативна анализа на многу ниски нивоа на CRP во крвта.

Класичните CRP тестови не можaт да го детектираат нивото на CRP кое е поврзано со развој на кардио‐васкуларни заболувања. Токму со тестот hsCRP може да се детектираат овие ниски концентрации. Се работи за тест кој се повеќе се користи како маркер за проценка на ризик за кардиоваскуларни заболувања,s, но и како прогностички маркер кај веќе постоечки срцеви заболувања.

Заедно со евалуацијата на липидниот статус и скор‐системите за одредување ризик, hsCRP тестот е неопходен во евалуацијата на ризикот за кардиоваскуларни заболувања кај една индивидуа.

2.Креатин киназа – CK (CK-MB)

Во клиничката практика квантитативното одредување на СК во серум служи како маркер за инфаркт на миокардот и болести на скелетните мускули.

Концентрацијата на CK-MB како маркер за рано оштетување на миокардот расте 2-6 часа по нападот, и може да се качува и до 2-3 дена по срцевиот удар.

Причини за покачени вредности:

1. Миокарден инфаркт

2. Миокардитис

3. Перикардитис

4. Мускулна дистрофија

5. Операција на срце

6. Напорни вежби – тренинг

7. Мешани болести на сврзното ткиво

8. Кардиомиопатија

9. Хипотермија

3.Тропонин

Квантитативното определување на тропонин I во серумот служи како маркер за миокардна некроза и акутен миокарден инфаркт, за идентификација на пациенти со висок ризик и следење на состојбата, потврда на потребата за поагресивен третман, да се направи разлика помеѓу ангина пекторис и миокарден инфаркт кај пациенти со болка во градите.

Срцевите тропонини при миокарден инфаркт остануваат зголемени 10-14 дена по кардијалното оштетување.

Нивоата на тропонин остануваат зголемени во крвта подолго од нивоата на CK-MB или MYO, овозможувајќи еден продолжен дијагностички период за миокардниот инфаркт.

Цените на срцевите биомаркери можете да ги разгледате на следниот линк: Ценовник

D-dimer – Што треба да знаеме?

Што е д-димер?

Д-димер  е еден од продуктите на разградба на фибринот, a претставува мал протеински фрагмент кој настанува кога крвниот коагулум (тромб) се разградува во организмот.

Згрутчувањето (коагулацијата) на крвта претставува природен и заштитен механизам на организмот од искрварување. Кога постои оштетување на ѕидот на крвните садови, настанува слепување на крвните плочки -тромбоцити, фибрин и активација на многу механизми, чија крајна цел е да е настане чеп кој ќе го запре крварењето. Овој процес се нарекува хемостаза и има за цел да го спречи крварењето и загубата на крв преку создавање на коагулум.

Откако раната ќе зарасне, овој коагулум повеќе не е потребен, и се активира ензим кој го разложува на фибрински фрагменти (FDP) кои потоа се елиминираат. Д-димер  е всушност дел од овие фрагменти.

Во процесот на хемостаза се вклучени неколку фактори. За да се постигне рамнотежа во телото помеѓу ризикот од крварење и ризикот од тромбозата, сите овие фактори кои учествуваат во формирањето и разградувањето на згрутчувањето на крвта се во динамична рамнотежа во телото.

Во човечкиот организам е присутен и систем спротивен на коагулациониот, тоа е антикоагулационен механизам. Меѓу коагулациониот и антикоагулациониот систем во организмот се одржува постојана рамнотежа. На тој начин организмот е заштитен од две крајни опасности од нарушената крвна циркулација-искрварување и згрутчување на крвта -тромбоза.

При патолошки состојби може да настане прекумерно натрупување на тромбоцити и фибрин на внатрешната страна на крвниот сад, што доведува до нарушување во крвната циркулација сè до нејзиниот прекин поради затнување на крвниот сад со тромб. Оваа состојба се нарекува тромбоза. Вакви тромби можат да настанат насекаде – од најмалите до најголемите крвни садови и да предизвикаат различен степен на оштетувања, па дури и смрт.

Тестот за Д-димер служи за мерење на концентрацијата на вкрстено поврзаните производи на деградација на фибрин.

Кога Вашиот доктор може да препорача да ја направите анализата Д-димер?

Откривањето на зголемени вредности на Д-димери е индикатор за активност на системот за коагулација.

Главната дијагностичка примена на тестирање на Д-димерите е во исклучувањето на тромбоемболички настан, како што се длабока венска тромбоза или белодробна емболија.

Длабока венска тромбоза (ДВТ) е формирање на тромб во подлабоките вени во телото, а најчесто на нозете.

Најчестите симптоми на длабока венска тромбоза се:

-болка во нозете

-оток на ногата

-црвенило или црвени линии на нозете.

Иако згрутчувањето на крвта најчесто се формира во длабоките вени на долните екстремитети, тие можат да се појават и во други делови од телото.

Ако дел од вакво згрутчување од кој било дел од телото, се одвои и стигне до белите дробови преку крвотокот, може да предизвика блокада на белодробната артерија и да доведе до белодробна емболија.

Одредувањето на Д-димер е важно ако пациентот има некој од следниве симптоми на белодробна емболија:

-тешко дишење

-кашлица

-искашлување крв

-болка во градите

-брзо отчукување на срцето

Употребата на тестовите за Д-димер во комбинација со добро потврдена клинички тест за веројатност (clinical pre-test probability score) претставува ефикасна и безбедна алатка за скрининг за исклучување на тромбоемболиски настани.

Освен тоа, зголемено ниво на Д-димер е забележано кај сите болести и состојби со зголемено активирање на коагулациониот систем, на пр. тромбоемболична болест, дисеминирана интраваскуларна коагулопатија (ДИК), акутна дисекција на аортата, миокарден инфаркт, малигни заболувања, акушерски компликации, трет триместар од бременоста, операција или политраума.

D-dimer и COVID-19

Иако не е невообичаено инфекциите да го зголемуваат ризикот од згрутчување, COVID-19 како болест е поврзана со невиден опсег на нарушувања поврзани со згрутчување на крвта кај заболени пациенти.  Пациентите со COVID-19 се соочуваат со сериозни, а понекогаш и фатални абнормалности на згрутчување на крвта.

Студиите покажуваат дека околу 25%  па дури и до 70% критично болни пациенти потврден е венски тромбоемболизам или белодробна емболија.

Многу е важно да се напомене дека различни лаборатории може да користат различни инструменти, технологии, референтни вредности и тестови за одредување на Д-димери и затоа не треба да се врши споредување на резултатати од различни лаборатории и да се внимава во кои едници е изразена вредноста.

Клучни факти

  1. ХИВ продолжува да биде главно глобално здравствено прашање, откако досега однесе 36.3 милиони животи.
  2. Не постои лек за ХИВ инфекцијата
  3. Најважно е да се има ефективна превенција, дијагноза и третман
  4. На крајот на 2020 година имало околу 37.7 милиони луѓе кои живееле со ХИВ, од кои над две третини (25.4 милиони) се во африканскиот регион.
  5. Во 2020 година, 680.000 луѓе починале од причини поврзани со ХИВ и 1.5 милиони луѓе се здобиле со ХИВ.

*Податоците од клучните факти се преземени од страна на Светската здравствена организација

Вирусот на хумана имунодефициенција (ХИВ) го таргетира имунолошкиот систем и ја ослабува одбраната на луѓето од многу инфекции и некои видови на рак со кои луѓето со здрав имунолошки систем можат да се борат. Како што вирусот ја уништува и ја нарушува функцијата на имуните клетки, заразените лица постепено стануваат имунодефицитарни.

Најнапредната фаза на ХИВ инфекцијата е синдромот на стекната имунодефициенција (СИДА), кој може да потрае многу години за да се развие доколку не се лекува, во зависност од поединецот.

Симптоми

Симптомите на ХИВ варираат во зависност од фазата на инфекција. Иако луѓето кои живеат со ХИВ имаат тенденција да бидат најзаразни во првите неколку месеци по заразувањето, многумина не се свесни за нивниот статус до подоцнежните фази. Во првите неколку недели по почетната инфекција, луѓето може да не почувствуваат никакви симптоми или болест слична на грип, вклучувајќи треска, главоболка, осип или болки во грлото.

Како што инфекцијата прогресивно го ослабува имунолошкиот систем, тие можат да развијат други знаци и симптоми, како што се отечени лимфни јазли, губење на тежината, треска, дијареа и кашлица. Без третман, тие исто така може да развијат тешки болести како што се туберкулоза, менингитис, тешки бактериски инфекции и карциноми како што се лимфоми и Капошиев сарком.

Преносливост

ХИВ може да се пренесе преку размена на различни телесни течности од заразени луѓе, како крв, мајчино млеко и полови течности. ХИВ може да се пренесе и од мајка на нејзиното дете за време на бременоста и породувањето. Поединци не можат да се заразат преку обичен секојдневен контакт како што се бакнување, гушкање, ракување или споделување лични предмети, храна или вода.

Дијагностика

HIV Ag/Ab Combo (CHIV) лабораториска анализа

Американскиот Центар за превенција и контрола на болести (CDC) и европските упатства препорачуваат употреба на ХИВ скрининг тест од четврта генерација , за максимална чувствителност и специфичност.

Тестот за HIV , кој во Авицена лабораторија се работи на целосно автоматизиран инструмент од производителот Siemens – ADVIA Centaur Immunoassay Systems е лабораториска анализа од четврта генерација, која овозможува одлична чувствителност и специфичност. Дизајниран е со патентирана aкридиниум естер технологија, со цел да ги задоволи потребите за прецизно дијагностичко тестирање за ХИВ.

Со тестот истовремено се детектира присуство на ХИВ-1 p24 антиген и антитела на ХИВ-1 (вклучувајќи група О) и ХИВ-2 во серумот и плазмата.

Цената на тестот можете да ја погледнете на следниот линк.

Издавање резултати: истиот ден

Примерок: крв

Достапност: сите локации на Авицена Лабораторија

Извор: https://www.who.int/news-room/fact-sheets/detail/hiv-aids

PRISCA® БРОШУРА

????На секој доктор неопходни му се сите важни информации, поврзани со ризикот на мајката и плодот, пред да дадe каква било препорака или совет при водење на една бременост????. Со помош на PRISCA® системот, употребувајќи моќни тест-алгоритми и ризик фактори, се генерираат различни калкулации на ризик, со цел добивање комплетен извештај за точна проценка на високоризични бремености.

Кога се прави PRISCA®?
-Рано, уште од 10-та гестациска недела од бременоста.

За кои нарушувања се прави PRISCA®?
-Даунов синдром (Tрисомија 21), Едвардсов синдром (Tрисомија 18), Патау синдром (Трисомија 13) и дефекти на затворање на неврална цевка.

Цена: 3950 денари
✅ Анализата е достапна без закажан термин во сите лаборатории на Авицена Лабораторија
✅Методата е 100% безбедна за идната мајка и нејзиното бебе
Прочитајте подетално за PRISCA® на брошурата.

За да се изработи анализата задолжително е да се приложи целосно пополнет формулар, од направениот ехо-преглед кај гинеколог, кој ги содржи неопходните мерки од плодот, за пресметка на ризикот.

Преземете го формуларот за доктори на следниот линк.