fbpx

CommonPass овозможува да го документирате вашиот COVID-19 статус со цел да може да патувате во други земји и да одговорите на барањата на граничните премини на други држави, истовремено штитејќи ја вашата приватност.

Со CommonPass на едноставен начин може да ги преземете резултатите од направениот COVID-19 тест во Авицена Лабораторија, и да го покажете вашиот здравствен статус на влез во друга држава без да откривате други лични здравствени информации.

CommonPass потврдата е дигитален доказ дека едно лице има негативен резултат од направен тест.

CommonPass потврдата е:

  • во дигитална и/или печатена форма
  • со QR код
  • бесплатна
  • на англиски јазик
  • безбедна и сигурна

CommonPass е дизајниран да ја штити приватноста на податоците и да ги задоволува регулативите за приватност на податоците, придржувајќи се кон следниве принципи на приватност: Податоците се чуваат или споделуваат само со изречна согласност, се користи само минимален износ на лични податоци за каква било трансакција. Лични здравствени информации се зачувуваат само на изворот на податоци или на телефонот на корисникот. Податоците се чуваат само до оној степен што е неопходен и никогаш не се користат за друга намена. За повеќе информации прочитајте тука

Во моментот, резултатите од COVID-19 тестови често се презентираат на печатена хартија или фотографии од хартија од непознати лаборатории, напишани на странски јазици за оние кои ги проверуваат. Нема стандарден формат или систем за сертификација за резултатите од лабораторијата. Дополнително, евиденцијата за вакцинација генерално се споделува на хартиени картички кои можат лесно да се фалсификуваат. Бидејќи земјите работат на релаксирање на ограничувања на границите и барањата за карантин, им треба посигурен модел за потврдување на здравствениот статус на патниците што доаѓаат. The Commons Project Foundation и Светскиот економски форум соработуваат за создавање глобална мрежа на даватели на тестирања, даватели на вакцини и регистри на јавно здравје како дел од напорите за безбедно поврзување на светот.

*Содржината е преземена од https://commonpass.mk/mk

Почнувајќи од 22.6.2021 година Авицена Лабораторија стана дел од мрежата на доверливи партнери на CommonPass. Со ова дополнително се потврдува дека резултатите издадени од страна на Авицена Лабораторија, се меѓународно признати за патување во странство.

Резултатите за COVID-19 издадени од Авицена Лабораторија се добиваат со бесплатен превод на англиски јазик – во електронска или оригинална форма, со сертификат од Commonpass во оригинална форма и дополнително можат да се валидираат дигитално преку апликацијата на CommonPass.

Како да добиете дигитална верифицирана потврда преку CommonPass app:

1. Направете тест за COVID- 19 во Авицена Лабораторија
2. Преземете ја мобилната апликација CommonPass на вашиот мобилен телефон
3. Согласност со Услови на користење
  • Кликнete „Се согласувам“ за да продолжите понатаму. Доколку биде избрана опција „Не се согласувам“, не може да се креира CommonPass.
4. Иницирајте креирање на CommonPass потврда

По прифаќање на условите за користење, апликацијата те пренасочува на блокот „Дома“ (Home screen). Оттука, можеш да креираш нова CommonPass потврда или да ги користиш постојните потврди. За да иницираш процес на креирање CommonPass потврда, избери ја иконата со знакот „+“ (горен десен агол).

Иконите во долниот дел од екранот ги прикажуваат потврдите според тип (летови, тестови)

5. Избери причина за CommonPass

На прашањето „Зошто ти е потребна CommonPass потврда?“, треба да избереш опција во зависност од потребата (на пример, избор авионски лет).

6. Преземи ги резултатите од направениот тест во Авицена Лабораторија

Скенирај го твојот QR код од резултатите од тестот

7. Вашиот CommonPass е успешно креиран!

Доколку вашиот COVID-19 тест е негативен, се креира CommonPass дигиталната потврда.

8. Креирај CommonPass дигитални потврди за целото семејство

Мобилната апликација има опција за креирање дигитални потврди за повеќе лица.

Примерок на резултат од направен COVID-19 тест во лабораторија

LAB TEST

SARS-CoV-2 во својата структура содржи четири видови протеини:

  • Membrane protein – М,
  • Envelope protein – Е,
  • Spike protein – S,
  • Nucleocapsid protein –N.

Spike protein –S  се состои од две подединици, S1 и S2. SARS-CoV-2 вирусот се врзува за рецепторите на човечките клетки со помош на (се наоѓа на) S1 под-единицата на протеинот.

Истражувањата покажуваат дека телото најчесто произведува IgG антитела кон Spike protein- S и Nucleocapsid protein –N како дел од борбата против вирусот SARS-CoV-2, но во одредена мера произведува и антитела на Membrane protein – М, и Envelope protein – Е.

Со оглед на фактот дека улогата на Spike proteinot-S е да дозволи да се поврзе со површината на клетката како и да дозволи вирусот да навлезе во клетката, антителата кои ја таргетираат S1 под-единицата на Spike protein-от имаат најважна улога во борбата на организмот против вирус, бидејќи оневозможуваат вирусот да навлезе и да ја инфицира клетката. Затоа, овие антитела затоа се нарекуваат неутрализирачки антитела.

Авицена Лабораторија во периотот од 17.6.2021 до 4.7.2021 година овозможува бесплатна проверка на токму овие IgG (Spike protein) антитела со секој направен PCR тест во нашата лабораторија. Тестот за неутрализирачки SARS-CoV-2 IgG антитела во Авицена Лабораторија докажано ги мери токму овие неутрализирачки антитела (кон „S-RBD” фрагментот oд вирусот) и дава информација за нивната точна концентрација (тестот е квантитативен).

Тестот се работи со комплетно автоматски имунолошки анализатор, има исклучително висока специфичност и сензитивност и има докажана силна корелација со класичните тестови за неутрализација на вирусот.

Ова е високосензитивен тест што дава информација за имунолошкиот одговор на организмот по контакт со вирусот, односно по спроведена вакцинација.

Напомена:

Резултати од лабораториски анализи, направени во различни лаборатории не треба да се споредуваат, бидејќи референтните вредности во секоја лабораторија зависат од инструментите, методот и тестовите кои се користат.

Секогаш консултирајте се со Вашиот лекар во врска со Вашата здравствена состојба.

Chlamydia trachomatis

Инфекцијата со хламидија е предизвикана од патогената бактерија Chlamydia trachomatis, која предизвикува инфекции на урогениталниот тракт , очите и зглобовите кај возрасните, како и инфекции кај новороденчињата.

Болеста најчесто се пренесува сексуално. Едно лице може да се зарази кога бактериите доаѓаат во контакт со мукозните мембрани на устата, грлото, анусот, уретрата или вагината. Инфекција со хламидија – Chlamydia trachomatis е една од најчесто дијагностицираните сексуално преносливи болести во светот.

Се проценува дека приближно 700 милиони луѓе се заразени со хламидија, приближно 50 милиони новоинфицирани годишно. Стапката на инфекција е највисока кај луѓе под 25-годишна возраст.

Симптоми на инфекција со хламидија

Симптомите на инфекција со хламидија може да бидат лесни или тешки, додека кај некои луѓе тие се целосно отсутни. Присуството на асимптоматска инфекција доведува до пренесување на инфекцијата од едно на друго лице пред да се дијагностицира. Хронична инфекција може да доведе до сериозни компликации и воспаление на карличните органи кај жените, како и неможност за зачнување и стерилитет.

Кај мажите, бактеријата главно живее во клетките на уретрата (уринарен тракт), простатата и семенските везикули, предизвикувајќи уретритис, епидидимитис и простатитис. Инфекциите со хламидија кај мажите се често асимптоматски, но има студии кои укажуваат дека предизвикуваат секундарна неплодност.

Кај жените, бактеријата претежно живее во грлото на матката или јајцеводите, предизвикувајќи воспаление на овие органи. Симптомите кај жените вклучуваат слузно-гноен вагинален секрет, отежнето мокрење, непријатен и болен полов однос, вагинално крварење, болка во долните делови на абдоменот. Ширејќи се од грлото на матката, бактеријата може да дојде до јајцеводите и да предизвика затворање на каналите што може да манифестира со ризична бременост или неплодност. Освен тоа, постои јасна врска помеѓу инфекциите со хламидија за време на првиот триместар од бременоста и раните абортуси.

Како до прецизна дијагностика за навремено спречување на ширење на инфекцијата?

1.Tест за детекција на C.trachomatis со директна имунофлуоресценција

Високоспецифичен и сензитивен тест во рутинска детекција на хламидии, кој се работи од генито-уринарни примероци и брис од конјунктива.

2. Серолoшки тестови за антитела кон C.trachmatis

Серолошките тестови за антитела кон хламидија, укажуваат на имунолошки одговор на организмот, при акутна или мината инфекција.

3. PCR молекуларен метод на детекција на  C.trachmatis

Молекуларните тестови се високоспецифични и високосензитивни тестови за детекција на генетскиот материјал (ДНК) на самиот микроорганизам, при што резултатот се добива за само 2 часа.

Во Авицена Лабораторија е достапен нов молекуларен тест, CE-IVD сертифициран и супериорен по својата сензитивност и специфичност.

Консултирајте се со Вашиот лекар / гинеколог во врска со Вашата здравствена состојба.

Кои се најчестите лабораториски анализи кои се изработуваат во Авицена лабораторија од почетокот на пандемијата па сè до денес?

Од почетокот на пандемијата до денес, како се менуваше сликата во светот и кај нас, така се менуваа и барањата на пациентите и лекарите, во однос на лабораториските анализи.

Уште од самиот почетокот на пандемијата во Авицена лабораторија се работат молекуларни PCR тестови, кои се уште се актуелни и секојдневно се изработуваат. Во прилог на овие тестови, на лекарите и пациентите им се потребни и ги бараат тестовите за концентрација на антитела во крвта на пациенти кои знаат (или не знаат) дека биле во контакт со вирусот. Секојдневно се изработуваат широк дијапазон на биохемиски и имунолошки анализи кои служат за следење на состојбата кај пациентите со COVID-19.

Иако пандемијата со COVID-19 трае, секако тука се и сите останати пациенти, кои ја посетуваат нашата лабораторија за секоја друга состојба, која не е поврзана со SARS-CoV-2. Да не ги заборавиме пациентите кои имаат различни хронични незаразни заболувања и на кои им е потребно е да ја следат својата состојба.

Потоа, тука се сите сите рутински и специфични анализи за деца и возрасни, трудници, сите видови микробиолошки анализи, останатата молекуларна дијагностика и друго.

Дали пациенти позитивни на COVID-19 може да дојдат во лабораторијата за други лабораториски анализи?

Во изминатите неколку месеци обезбедивме нов и целосно одвоен простор за прием на пациенти за COVID-19, комплетно физички одвоен од останатиот простор на лабораторијата, со површина од 260m², а остваривме и повеќе инвестиции во моќни системи за вентилација, дезинфекција, заштитна опрема, најнова технологија за обработка на материјали. Пациенти позитивни на COVID-19 кои имаат потреба од други лабораториски анализи, се примаат токму во овој дел. Постои и можноста нашите мобилни екипи да земат материјал за анализа во домашни услови без разлика дали се работи за пациенти позитивни на вирусот или редовни лабораториски испитувања.

Сите пациенти на кои им се потребни лабораторски анализи кои не се поврзани со COVID-19, се примаат редовно преку главниот влез на лабораторијата. Од неодамна, се прошири капацитетот за прием на поголем број пациенти и во овој дел, со што моментов имаме на располагање 9 простории за земање материјал за анализа, само во лабораторијата во Тафталиџе. Со ова се намалува времето на чекање, имајќи го предвид фактот дека во услови на пандемија, бројот на лица кои чекааат за услуга во затворен простор мора да се ограничи.

Кои други лабораториски анализи се потребни кај пациентите со COVID-19 и што ни кажуваат тие?

Биохемиското следење на пациентите со COVID-19 со помош на лабораториски тестови е клучно за проценка на сериозноста и прогресијата на болеста, како и за следење на третманот. Одредени лабораториски тестови се поврзани со неповолна прогресија на COVID-19 и даваат важни прогностички информации. Вообичаено, потребно е да се направи основната палета на лабораторски анализи, кои ни даваат увид во општата состојба на организмот, ни посочуваат дали се работи за бактериска или вирусна инфекција, но и даваат информација за степенот на тежина на болеста и евентуална прогноза во која насока се движи болеста, со цел лекарите навремено да интервенираат.

Најчесто, на пациентите им се прави крвна слика со седиментација, маркери на воспаление (CRP, Д-Димери, феритин), анализа на одредени ензими и анализи кои укажуваат на функцијата на црниот дроб, бубрезите, срцевиот мускул и друго. (АSAT, ALAT, LDH, CK-MB, Troponin).

Постојат и специфични анализи како што е Интерлеукин-6, кој дава информација за степенот на имунолошкиот одоговор и е предиктор на таканаречената „Цитокинска бура” , која всушност претставува прекумерен имунолошки одговор на организмот и е причина за голем број на неповолни исходи. Со следење на овој параметар, може да се следи кога состојбата кај пациентот се влошува и да се преземе соодветен третман навремено.

Кај пациентите кои се болни од COVID-19 или оздравеле, често се споменуваат Д-димерите како анализа. Што е важно да знаеме за Д-димерите?

Згрутчувањето (коагулацијата) на крвта претставува природен и заштитен механизам на организмот од искрварување. Кога постои оштетување на ѕидот на крвните садови, настанува слепување на крвните плочки (тромбоцити), фибрин (мрежа од фибрински нишки) и активација на многу механизми, чија крајна цел е да настане „чеп“ кој ќе го запре крварењето.

Д-димери претставуваат фрагменти, делови од деградација на фибринот и детекција на зголемени нивоа се знак дека се активира системот за коагулација (можеби и прекумерно).

Нормални нивоа на Д-димери кај здрави возрасни лица се 0,5 mg/L FEU.

Зголемени нивоа на Д-димери кај пациенти со COVID-19 најчесто е знак дека постои ризик за формирање на тромби, кои можат да се разнесат со циркулацијата и да предизвикаат зачепување на некој крвен сад. Затоа, по направен преглед од лекар-специјалист треба да се даде соодветна терапија и да се третира оваа состојба.

Многу е важно да се напомене дека различни лаборатории може да користат различни методи, инструменти, технологии, па затоа може да има различни референтни вредности и тестови за одредување на Д-димери и затоа не треба да се врши споредување на резултати од различни лаборатории и да се внимава во кои единици е изразена вредноста.

Зошто се важни тестовите за антитела за COVID-19?

Комбинацијата на двата типа на тестови (со брис – PCR и антитела) дава целосна и реална слика за случувањето во организмот на човекот, така што имунолошките и молекуларните тестови се комплементарни и се надополнуваат едни со други. Ако со молекуларните тестови се врши детекција на присуство на самиот вирус или дури и само секвенца од РНК на вирусот, со помош на мерењето на концентрацијата на антителата, се добива увид во тоа дали организмот бил во контакт со вирусот и каков е имунолошкиот одговор на организмот во борбата со овој вирус.

Имунолошките тестови кои се работат во Авицена Лабораторија се „CЕ“-сертифицирани и се работат на целосно автоматски имунолошки анализатор на производителот Siemens Healthineers.

Tестовите имаат исклучително висока клиничка сензитивност и специфичност.

Она што е од исклучителна важност да се напомене е дека  единствено во Авицена Лабораторија се работат тестови за мерење на концентрацијата на таканаречени неутрализирачки IgG антитела кон COVID-19 на производителот Siemens – како најнова генерација на тестови од овој тип.

COVID-19 обично стимулира имунолошки одговор со создавање многу антитела кои дејствуваат како армија за да помогнат во борбата против вирусот-сепак, само мала подгрупа од тие антитела се способни за неутрализација, односно, мал број од овие антитела можат да го блокираат вирусот и на тој начин да спречат да зарази дополнителни клетки.

IgG тестот за антитела на компанијата Siemens Healthineers, докажано ги мери токму овие неутрализирачки антитела и дава информација за нивната точна концентрација.

На крај, сакам да напоменам дека многу е важно пациентите да бидат во постојана комуникација со својот лекар и да ги почитуваат сите препораки и насоки од лекарите.

Да се грижат за своето здравје, да ги прават потребните контроли и проверки и да го чуваат своето здравје и здравјето на своите најблиски.

Лабораториски анализи кај COVID-19

Суштинската улога на клиничките лаборатории во оваа пандемија не е само во тестовите за детекција на самиот вирус, туку и во следење на пациентите во секоја фаза на заболувањето.

Биохемиското следење на пациентите со COVID-19 со помош на лабораториски тестови е клучно за проценка на сериозноста и прогресијата на болеста, како и за следење на третманот. Одредени лабораториски тестови се поврзани со неповолна прогресија на COVID-19 и даваат важни прогностички информации.

Подолу е вклучена препорачана листа за лабораториски тестирања заснована на тековната литература (International Federation of Clinical laboratories IFCC) заедно со главните лабораториски абнормалности, кај возрасни пациенти со COVID-19.

Посебно е важно да се истакне дека покрај најчестите рутински лабораториски тестови, новите докази сугерираат дека пациентите со тежок COVID-19 може да бидат изложени на ризик од синдром на цитокинска бура.

Тестовите за цитокини, особено тестот IL-6, треба да се користат каде што е можно за да се процени состојбата кај тешко болните пациенти со COVID-19.

ЛАБОРАТОРИСКА АНАЛИЗАНајчести ОТСТАПУВАЊА кај COVID-19
Комплетна крвна сликаЗголемен број на неутрофили (леукоцитоза со неутрофилија)Намален број на лимфоцитиНамален хемоглобинНамален број на тромбоцити
CRP ( Ц-реактивен протеин)Зголемување – маркер за воспаление
ASAT, ALATЗголемување –ензими за функција на црниот дроб
LDHЗголемување – маркер за црниот дроб или мултиорганско зафаќање
Уреа, КреатининЗголемување- маркери за бубрежна функција
Вкупен билирубинЗголемување –зафаќање на функција на црн дроб
АлбуминНамалување – зафаќање на функција на црн дроб
Д-димерЗголемување – знак за активација на системот за коагулација
PT, aPTTЗголемување – знак за активација на системот за коагулација
ПрокалцитонинЗголемување – маркер на бактериска инфекција (суперинфекција), диференцијација помеѓу вирусна или бактериска инфекција
ФеритинЗголемување – маркер на воспаление
Интерлеукин 6 (IL-6)Зголемување – маркер за воспаление, предиктор на цитокинска бура
Срцев Тропонин, CK-MBЗголемување – маркер за оштетување на срцевиот мускул
Гасни анализиЗа проценка на оксигенација и прилагодување на вентилација

Важна напомена: Секој лабораториски резултат треба да се толкува во склоп со клиничката слика и наоди од други дијагностички методи.

Задолжително консултирајте се со Вашиот лекар во врска со Вашата здравствена состојба, толкување на резултатите, симптомите и третманот.

Пациентите со COVID-19 можат да ги направат сите потребни лабораториски анализи во текот на лекувањето, во делот за COVID-19 кој е одвоен од останатиот дел на лабораторијата. Анализите се прават само со претходно закажан термин на:

 ? 071/278-529 078/218-731 ? 071/269-623 ? 072/319-850

Оваа услуга е достапна во следните лаборатории:

– Населба Тафталиџе во Скопје (локација 1), секој работен ден и сабота од 07.00 до 19.00 часот

– Тетово (локација 3), од понеделник до петок од 08.00-14.00 часот, во сабота од 08.00-13.00 часот

Грип, COVID-19, настинка или алергија? Направете разлика!

Во зимскиот период, кога се чести и сезонските настинки и грипот, во време на пандемија со COVID-19, многу луѓе се обидуваат да го најдат одговорот на прашањето – кои се клучните симптоми преку кои може да се направи разлика меѓу овие заболувања?

COVID-19, грипот и настинките делат голем број на карактеристики и широк спектар на слични или исти симптоми кои го отежнуваат диференцирањето на почетокот на болеста.

За соодветен третман на секое респираторно заболување, секогаш е многу важно да се знае вистинскиот причинител на заболувањето, со цел да се делува навремено и насочено кон соодветниот причинител.

Постојат многу различни симптоми кои се појавуваат кај лицата со COVID-19. Mногу од нив, исти или слични се појавуваат и при настинки и сезонски грип, а поретко и при алергии. Најчести симптоми кои се карактеристични за SARS-CoV-2 вирусот и вирусот на грип А и Б (Influenza A/ Influenza B) се: покачена телесна температура/треска, кашлица, недостаток на здив/отежнато дишење, болки во грлото, затнат нос, мускулни болки, главоболка, а некои луѓе, се јавуваат дијареа и повраќање.

Главната разлика во симптомите претставува губењето на вкусот и мирисот, пријавено кај одреден процент кај луѓето инфицирани со SARS-CoV-2, односно пациентите кај кои бил потврден COVID-19. Секако, разлика постои и во периодот на инкубација на вирусите, односно, времето кога ќе се појават симптомите од ризичниот контакт, нивниот интензитет и времетраење.

Сепак, заради сличноста помеѓу симптомите на овие инфекции, многу тешко се воспоставува разлика, па затоа најточна дијагностичка алатка претставуваат лабораториските тестови, во консултација со лекар.

Во продолжение, во табелата се наведени најчестите симптоми кои се појавуваат при COVID-19, грип, настинка и алергии.

СимптомиCOVID-19ГрипНастинкаАлергија
Треска/температураЧестоЧестоПонекогашНикогаш
Болки во мускулитеЧестоЧестоПонекогашНикогаш
МалаксаностЧестоЧестоПонекогашПонекогаш
КашлањеЧесто (суво)ЧестоЧестоПонекогаш
Затнат носЧестоЧестоЧестоЧесто
Воспалено и болно грлоЧестоЧестоЧестоРетко
Чешање на очи/нос/грлоНикогашНикогашПонекогашЧесто
Губење здив и отежнато дишењеЧестоЧестоПонекогашПонекогаш
ГлавоболкаЧестоПонекогашПонекогашРетко
Губење на мирис и вкусЧесто (често во рана фаза без растечен и затнат нос)  Понекогаш    Понекогаш (посебно со затнат нос)Понекогаш
Гадење и повраќањеПонекогашПонекогаш (посебно кај мали деца)НикогашНикогаш
ДијареаПонекогашПонекогаш (посебно кај мали деца)НикогашНикогаш

*https://www.cdc.gov/flu/symptoms/flu-vs-covid19.htm

*https://www.mayoclinic.org/diseases-conditions/coronavirus/in-depth/covid-19-cold-flu-and-allergies-differences/art-20503981

*https://www.who.int/emergencies/diseases/novel-coronavirus-2019/question-and-answers-hub/q-a-detail/coronavirus-disease-covid-19-similarities-and-differences-with-influenza

Гастроинтестинални заболувања

Заболувањата на гастроинтестиналниот тракт се многу чести кај општата популација и се манифестираат во најразлична форма, во зависност од  причинителот на состојбата. 

Синдромскиот пристап на тестирање, кај пациент со гастроинтестинални симптоми, ќе овозможи брза, точна и навремена дијагноза на состојбата и соодветен третман на пациентот.

  • ТЕСТИРАЊЕ ОД ЕДЕН ПРИМЕРОК, ЗА РАЗЛИЧНИ ВИДОВИ ПРИЧИНИТЕЛИ
  • БРЗАТА ЕТИОЛОШКА ДИЈАГНОЗА ОВОЗМОЖУВА СООДВЕТЕН ТРЕТМАН И НАСОЧЕНА ТЕРАПИЈА
  • ПРЕВЕНТИВНИ МЕРКИ ЗА КОНТРОЛА НА ИНФЕКЦИЈАТА
  • ЗАШТЕДА НА ВРЕМЕ И СРЕДСТВА

Достапни тестови во Авицена Лабораторија за гастроинтестинални заболувања:

ПричинителМетодаЦена
ЦЕЛОСЕН ГАСТРОИНТЕСТИНАЛЕН ПАКЕТ ЗА ДЕТЕКЦИЈА НА 17 ПРИЧИНИТЕЛИ НА ГАСТРОИНТЕСТИНАЛНИ ИНФЕКЦИИ (6 ВИРУСИ, 9 БАКТЕРИИ И 2 ГАБИЧКИ) Мултиплекс Real-Time PCR Линк.
ПАНЕЛ ЗА ВИРУСНИ ГАСТРОИНТЕСТИНАЛНИ ПРИЧИНИТЕЛИ: NOROVIRUS G I, NOROVIRUS G II, ROTAVIRUS, ADENOVIRUS, ASTROVIRUS, SAPOVIRUS Мултиплекс Real-Time PCRЛинк.
ФЕЦЕС ЗА ROTA VIRUSИмунохроматографијаЛинк.
ФЕЦЕС ЗА ROTA + ADENO VIRUSИмунохроматографијаЛинк
ФЕЦЕС ЗА NOROVIRUSИмунохроматографијаЛинк
ФЕЦЕС ЗА NOROVIRUS + ROTAVIRUS ADENOVIRUSИмунохроматографијаЛинк
КОПРОКУЛТУРАКултурелноЛинк.
РЕКТАЛЕН БРИСКултурелноЛинк.
ФЕЦЕС/РЕКТАЛЕН БРИС ЗА CANDIDAКултурелноЛинк.
CLOSTRIDIUM DIFFICILE – ТОКСИН А И Б,  ВО ФЕЦЕСИмунохроматографијаЛинк.
GIARDIA LAMBLIA И CRYPTOSPORIDIUM ВО ФЕЦЕСИмунохроматографијаЛинк.
CAMPYLOBACTER ВО ФЕЦЕСИмунохроматографија Линк.
ЦЕЛОФАНСКИ БРИС Микроскопирање    Линк.
ФЕЦЕС ЗА ПАРАЗИТИ И ПРОТОЗОИ Микроскопирање Линк.
Helicobacter pylori IgA (серум) CLIA Линк.
Helicobacter pylori IgG (серум) CLIA Линк.
Aнтиген на Helicobacter pylori во фецес Имунохроматографија Линк.
Анализите се достапни без претходно закажан термин.

Згрутчувањето (коагулацијата) на крвта

Згрутчувањето (коагулацијата) на крвта претставува природен и заштитен механизам на организмот од искрварување. Кога постои оштетување на ѕидот на крвните садови, настанува слепување на крвните плочки (тромбоцити), фибрин и активација на многу механизми, чија крајна цел е да е настане чеп кој ќе го запре крварењето.

При патолошки состојби може да настане прекумерно натрупување на тромбоцити и фибрин на внатрешната страна на крвниот сад, што доведува до нарушување во крвната циркулација сè до нејзиниот прекин поради затнување на крвниот сад со тромб. Оваа состојба се нарекува тромбоза. Вакви тромби можат да настанат насекаде – од најмалите до најголемите крвни садови и да предизвикаат различен степен на оштетувања, па дури и смрт.

Во човечкиот организам е присутен и систем спротивен на коагулациониот, тоа е антикоагулационен механизам. Меѓу коагулациониот и антикоагулациониот систем во организмот се одржува постојана рамнотежа. На тој начин организмот е заштитен од две крајни опасности од нарушената крвна циркулација-искрварување и тромбоза.

Ризик фактори

Постојат одредени состојби кои го зголемуваат ризикот за настанување на тробоза, како што се: промени на sидот на крвните садови, кардиоваскуларни заболувања, ревматски заболувања, воспаленија, малигнитети, трауми, породување, земање одредени лекови, генетски наследни фактори и други состојби.

Лекување

Во зависнот од клиничката слика и тежината на болеста, лекувањето се врши во домашни или болнички услови, исклучиво по преглед и препорака од лекар специјалист

COVID-19 и системот на коагулација

Иако не е невообичаено инфекциите да го зголемуваат ризикот од згрутчување, COVID-19 е поврзан со невиден опсег на нарушувања поврзани со згрутчување на крвта кај заболени пациенти.  Пациентите со COVID-19 се соочуваат со сериозни, а понекогаш и фатални абнормалности на згрутчување на крвта.

Студиите покажуваат дека околу 25% – па дури и до 70% – критично болни пациенти потврден е венски тромбоемболизам или белодробна емболија.

Затоа од клучна важност е при рутинската лабораториска проценка, да се изврши и мерење на параметрите од системот за коагулација на крвта, како што се: крвна слика ( број на тромбоцити), Д-димер, PT-Протромбинско време, aPTT- Активирано парцијално тромбопластинско време и друго.

Д-димери

Д-димери претставуваат фрагменти, делови од деградација на фибринот и детекција на зголемени нивоа се знак дека се активира системот за коагулација.

Нормални нивоа на Д-димери кај здрави возрасни лица се 0,5 mg/L.

Зголемени нивоа на Д-димери кај пациенти со COVID-19 најчесто е знак дека постои ризик за формирање на тромби, кои можат да се разнесат со циркулацијата и да предизвикаат зачепување на некој крвен сад. Затоа, по направен преглед од лекар-специјалист треба да се даде соодветна терапија и да се третира оваа состојба.

Многу е важно да се напомене дека различни лаборатории може да користат различни инструменти, технологии, референтни вредности и тестови за одредување на Д-димери и затоа не треба да се врши споредување на резултатати од различни лаборатории и да се внимава во кои едници е изразена вредноста.

Секогаш консултирајте се со вашиот лекар во врска со вашата здравствена состојба.

СÈ Е ВО ЕНЗИМИТЕ

Вашето тело произведува ензим наречен лактаза. Кога пиете чаша млеко, лактазата ви помага да го разградите млечниот шеќер лактоза во поедноставни шеќери кои се апсорбираат во вашиот крвоток. Интолеранцијата на лактоза се јавува кога имате недостаток на лактаза.

ТРЕБА ДА СЕ КОНСУЛТИРАТЕ СО ВАШИОТ ЛЕКАР

Некои стомачни болести имаат симптоми слични на симптомите на интолеранција на лактоза. Вашиот лекар може да ви помогне да ја одредите причината за вашите симптоми и кои испитувања да ги направите.

НЕ СЕКОЈ ИМА СИМПТОМИ

Лактоза може да произведе широк спектар на гастроинтестинални симптоми. Овие симптоми вклучуваат надуеност, гадење, гасови, абдоминална болка и дијареја. Сепак, може да имате недостаток на лактаза и да немате никакви знаци.

ОБИЧНО СЕ ПОЈАВУВА ВО ПОДОЦНА ВОЗРАСТ

Многу малку бебиња се раѓаат интолерантни на лактоза и мора да пијат адаптирано млеко без лактоза наместо мајчино млеко. Сепак, повеќето луѓе кои се интолерантни на лактоза, ја губат способноста да го варат млекото некаде по раѓањето. Обично, ова се случува на возраст од 2 до 12 години, иако може да не доживеете симптоми до доцна адолесценција или во подоцна возраст.

НЕ СТЕ САМИ

Дури 65% од луѓето ширум светот и 30 милиони Американци имаат одреден степен на интолеранција на лактоза. Почесто се појавува кај луѓе чие потекло е азиско, африканско, шпанско. Помалку веројатно е да бидат интолерантни на лактоза луѓето од северна или западна Европа.

ИНТОЛЕРАНЦИЈА НА ЛАКТОЗА НЕ Е АЛЕРГИЈА НА МЛЕКО

Алергијата на млеко е поретка, но поштетна од нетолеранцијата на лактоза. Ако сте алергични на млеко, вашето тело се бори со млечни производи како да е штетен напаѓач. Симптомите се обично потешки и може да вклучуваат отежнато дишење, чешање на очите и осип. Луѓето со оваа алергија мора целосно да избегнуваат млечни производи.

НЕ СИТЕ МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ СЕ ЗАБРАНЕТИ

Моментално на нашиот пазар се достапни многу млечни производи кои во својот состав немаат лактоза. Млечни производи кои имаат пониско ниво на лактоза и може да се варат во организмот уште полесно се тврди или стари сирења (пармезан или чедар) и јогурт.

ДИЈАГНОЗА

Во ПЗУ Авицена Лабораторија се работи најсовремен тест за генетско тестирање на интолеранција на лактоза со метод на PCR-реверзна хибридизација.

Тестот врши идентификација на два полиморфизми лоцирани на интрон 9 (С/Т13910) и 13 (G/A 22018) на MCM6 генот, кои се поврзани со перзистенција на лактазната активност кај возрасни и деца над 5 години.

Цена на тестот: 2.690,00 ден.

*Пред да почнете со било каква исхрана или да го утврдите степенот на интолеранција на лактоза консултирајте се со вашиот лекар.