fbpx

Авицена Лабораторија со учество на “МЕЃУНАРОДЕН СИМПОЗИУМ: ПРЕВЕНЦИЈА, ДИЈАГНОЗА И ТРЕТМАН НА ЦЕРВИКАЛЕН КАНЦЕР“

Авицена Лабораторија учествуваше на “МЕЃУНАРОДЕН СИМПОЗИУМ: ПРЕВЕНЦИЈА, ДИЈАГНОЗА И ТРЕТМАН НА ЦЕРВИКАЛЕН КАНЦЕР“ кој се одржа на 10.05.2019 година во хотел Холидеј Ин во Скопје.

На изложбениот штанд на Авицена Лабораторија сите присутни имаа можност да се запознаат со најсовремените тестови со Multiplex real-time TOCE PCR технологија за високосензитивна и специфична молекуларна детекција и генотипизација на 19 високоризични и 9 нискоризични типови на HPV вирусот (Human papillomavirus). Тестовите се со внатрешна контрола базирана на детекција на human β-globin генот, со што целосно се елиминира можноста за лажно негативни резултати. 

Покрај ова, присутните на Симпозиумот можеа да се информираат и за останатите современи анализи кои се работат во Авицена Лабораторија, а се од значење за женското здравје насочени за превенција, унапредување на здравјето и навремено дијагностицирање на различни заболувања и состојби.