fbpx

Авицена Лабораторија со голем број сертификати за квалитет доделени од страна на германскиот институт INSTAND за 2022 година

Со задоволство ве информираме дека Авицена Лабораторија која е дел од програмите за редовна месечна надворешна контрола на квалитет на германскиот институт INSTAND, се здоби со голем број сертификати за квалитет за 2022 година во следните области:

  • Хематологија
  • Уринарен статус/ анализа на урина
  • Клиничка хемија/ имунологија – aвтоимуни болести
  • Клиничка хемија/ имунологија – тироидна функција
  • Клиничка хемија/ имунологија – рутински и специфични биохемиски анализи
  • Клиничка хемија/ имунологија – плазма протеини
  • Клиничка хемија/ имунологија – тумор маркери
  • Клиничка хемија/ имунологија – гликохемоглобин
  • Хемостаза
  • Микробиологија – паразитологија
  • Микробиологија – директна имунофлуоресценција
  • Микробиологија – молекуларна детекција на вируси
  • Детекција на злоупотреба на дроги

Овие сертификати се уште една дополнителна објективна потврда за точни и прецизни резултати изработени по сите светски стандарди!

Во Авицена Лабораторија секогаш се запазуваат строгите критериуми за одржување на квалитетот на највисоко ниво. Ова значи дека секој серум или друг примерок во процесот на неговата изработка поминува низ неколку нивоа на контрола на квалитет, потоа истиот се одобрува и валидира од лекар специјалист. Процедурите и ISO стандардите по кои што работиме наложуваат строго запазување на овие принципи на работа.

Сите тестови кои се работат во Авицена Лабораторија се високосензитивни и специфични, ги задоволуваат стандардите на СЗО и се од најнова генерација на тестови. Се работат на комплетно автоматизирани инструменти од врвни светски производители, a самата автоматизирана постапка и високопрецизна технологија овозможува дополнителна сигурност и објективност, за точен и прецизен резултат.

Избраната лабораторија треба биде партнер од доверба за своите пациенти, задоволувајќи ги потребите на лесен, ефикасен и најстручен начин, а во согласност со највисоките меѓународни техничко-технолошки, административни и лабораториско-медицински стандарди.

Можете да ги погледнете сите сертификати: