fbpx

Известување за лабораториски упат 1 (ЛУ-1)

Ве информираме дека со одлуката за изменување и дополнување на Одлуката за утврдување на обрасците предвидени во Правилникот за содржината и начинот на остварувањето на правата и обврските од задолжително здравствено осигурување (сл. Весник 200/2018 година) за лабораториски испитувања по упат од избран лекар утврдени се нови обрасци – ЛУ1-а, ЛУ1-б и ЛУ1-в.

Согласно горенаведените измени на ФЗОМ поврзани со обрасците за лабораториско упатување (ЛУ-1), ве информираме дека во Авицена Лабораторија (нас. Тафталиџе) која е вклучена во мрежата на ФЗОМ ЌЕ ПРОДОЛЖАТ ДА СЕ РАБОТАТ сите биохемиски анализи кои се работеа досега, а се опфатени со ЛАБОРАТОРИСКИ УПАТ 1-а (ЛУ1-а) и ЛАБОРАТОРИСКИ УПАТ 1-б (ЛУ1-б), без анализата PSA (простата специфичен антиген).

– Како и досега,  за испитување на гликолизиран хемоглобин (HbA1C) со шифра на услугата БА 4/3 се упатуваат и примаат само пациенти со воспоставена дијагноза diabetes mellitus.

– За испитување на тиреостимулативен хормон (TSH) со шифра на услугата БА 11/16 се упатуваат и примаат само пациенти со воспоставена дијагноза на хипотиреоза.

За какви било дополнителни информации или прашања, слободно контактирајте нѐ на нашите телефони 02/3179-001, 02/2477-345 и 044/355-550 или посетете ја www.avicenalab.com.mk.