fbpx

Намалена цена на HPV тест

Почитувани клиенти,

Сакаме да ве известиме дека почнувајќи од денес 1.12.2023 цената на молекуларниот тест за скрининг и генотипизација на 19 високоризични и 9 нискоризични типови на ХПВ вирусот се намалува на 3.100 денари.

Тестот се работи со најсовремена Multiplex real-time PCR технологија за високосензитивна и специфична молекуларна детекција и генотипизација на HPV вирус (Human papillomavirus).

Тестот е најсеопфатното решение на пазарот и детектира:

19 ВИСОКОРИЗИЧНИ ТИПОВИ НА HPV

(16, 18, 26, 31, 33, 35, 39, 45, 51, 52, 53, 56, 58, 59, 66, 68, 69, 73, 82)

9 НИСКОРИЗИЧНИ ТИПОВИ НА HPV

(6,11, 40, 42, 43, 44, 54, 61, 70)

Овој тест ги задоволува сите меѓународни критериуми и водичи за примарен скрининг на цервикален карцином. Прочитајте повеќе за HPV вирусот на следниот линк.