Нов дигитален Европски сертификат за патување со резултатите издадени од Авицена Лабораторија

Почнувајќи од денес со секој направен COVID-19 PCR или брз антигенски тест за патување во Авицена Лабораторија, добивате Европски сертификат со кој се докажува веродостојноста на вашите резултати. 

Новиот Европски сертификат, дополнително ви овозможува дигитално да го документирате и да го зачувате резултатот на вашиот уред, со цел да може да патувате во други земји и да одговорите на барањата на граничните премини на други држави, истовремено штитејќи ја вашата приватност. 

Сè што треба да направите за да го зачувате вашиот резултат во дигитална форма, е да ја преземете мобилната апликација “Mk Wallet” во Play Store или App Store и да го скенирате QR кодот.

Авицена Лабораторија е прва лабораторија дел од мрежата на верифицирани лаборатории на Министерството за Здравство кои издаваат лабороториски резултати за своите клиенти со можност за полесно патување и преминување на границите, онаму каде што е вашата следна дестинација.

Како и досега, вашите резултати издадени од Авицена Лабораторија ќе бидат достапни во печатена верзија и електронски, со Европски сертификат за патување, а почнувајќи од денес сертификатот можете да го зачувате во дигитална форма преку “My Wallet” апликацијата.

Европскиот серификат ќе се издава на секој пациент што ќе направи COVID-19 тестирање во Авицена Лабораторија без надоместок.

Чекор 1: Направете PCR или брз антигенски тест во Авицена Лабораторија, напоменете на колегите на приемниот пулт дека потребен ви е сертификат за патување

Чекор 2: Штом се готови вашите резултати, на вашата email адреса ќе ги добиете на македонски јазик, со бесплатен превод на англиски јазик и ќе ви пристигне дигитален европски сертификат со вашите лични податоци

Чекор 3: За да го зачувате вашиот резултат дигитално, преземете ја апликацијата My Wallet App во Play Store или во Аpp Store

Чекор 4: Скенирајте го QR кодот на сертификатот и внесете го вашиот уникатен TAN код

Сега вашиот сертификат е креиран дигитално и со него можете полесно да патувате до вашата следна дестинација.

Со клик на некој сертификат од листата на сертификати се отвараат деталите за него.