fbpx

Нов специфичен лабораториски пакет за проценка на ризик за настанување на кардиоваскуларни заболувања (Apo A-1 + Apo B + Lp [a])

СПЕЦИФИЧЕН ЛИПОПРОТЕИНСКИ СТАТУС (Apo A-1 + Apo B + Lp [a])                                

нов специфичен лабораториски пакет на анализи за процена на ризик за настанување на кардиоваскуларни заболувања 

Аполипопротеините (Apo A-I и Apo B) се главни протеински компоненти на липoротеинските комплекси (HDL и LDL) одговорни за транспортот на липидите во организмот. Студиите покажале дека анализите Apo A-I и Apo B се корисни во оценувањето на ризикот од атеросклероза и имаат поголема прогностичка вредност од самостојните анализи на HDL и LDL. Лица со атеросклеротични васкуларни промени често покажуваат намалени нивоа на Apo A-I  и зголемени нивоа на Apo B. Особено моќен параметар за проценка на ризикот од атеросклероза е коефициентот Apo A-I / Apo B: колку е поголема вредноста на коефициентот, толку е поголем ризикот за појава на атеросклероза.

Липопротеин (а) (Lp [a]) се состои од две компоненти: липопротеин со мала густина (LDL) со аполипротеин B-100 како протеинска компонента. Одредувањето на Lp (a) во крвта е корисно за менаџирање на коронарна срцева болест (КБС) кај лица со постоечка болест или семејна КСБ историја. Зголемените концентрации на Lp (a) се директен показател за зголемен ризик за коронарна срцева болест. 

Комбинацијата од овие анализи т.н СПЕЦИФИЧЕН ЛИПОПРОТЕИНСКИ СТАТУС (Apo A-1 + Apo B + Lp[a]) претставува нова скрининг алатка/маркер за одредување ризик за појава на кардиоваскуларни заболувања и атеросклеротични васкуларни промени кај лица без и со претходна историја за постоење болест. Оваа комбинација на анализи овозможува и е клучна за поставување дијагноза, следење на одговор на терапија, а утврдувајќи го ризикот значително помага да се спречи развој на многу патолошки состојби.

Тестовите кои се работат во Авицена Лабораторија се високосензитивни и специфични, се работат на комплетно автоматизиран инструмент од производителот Siemens Healthcare Diagnostics, a самата автоматизирана постапка и високопрецизна технологија овозможува дополнителна сигурност и објективност, за точен и прецизен резултат.

ЦЕНА:

Аполипоротеин А-I (Apo A-I)                                                                                                                  500,00 денари

Аполипоротеин B (Apo B)                                                                                                                         500,00 денари

Липопротеин (а) (Lp [a])                                                                                                                            500,00 денари

ПАКЕТ – Специфичен липопротеински статус (Apo A-1 + Apo B + [a])                             1150,00 денари

Со почит,

Авицена Лабораторија