Целијачната болест е автоимуно заболување (наречена уште и ентеропатија), која се карактеризира со нетолеранција на глутен. Се дефинира и како мултифакторна болест со силна генетска компонента.
Генетската подложност кон целијачна болест вклучува присуство на HLA-DQ2 / HLA-DQ8 хетеродимери, кои играат клучна улога во патогенезата на болеста, за активација на имунолошкиот одговор. Кај 90-95% од пациентите со целијакија постои експресија на HLA-DQA1*05 / DQB1*022 хетеродимерот.
Во Авицена Лабораторија е достапен високосензитивен молекуларен тест за одредување генетска склоност кон целијакија, со анализа на ДНК изолирана од крвта на пациентот.
Тестот се базира на RT PCR технологија за брза и прецизна идентификација на HLA алели од класа II – специфични за целијакија.
- Дијагностички тест кој помага во дијагнозата на целијачна болест
- Особено важен во случаи кога има отстапувања помеѓу серолошките испитувања преку крв и/или цревната биопсија.
- Генетското тестирање се применува и за идентификација на луѓе предиспонирани за целијачна болест, особено во високоризични групи, како што се роднините од прв степен на лица болни од целијакија.
- Пациенти со други автоимуни (дијабетес тип I, тироидитис и мултиплекс склероза) или генетски болести (Даунов синдром, Тарнеров синдром или Вилијамс синдром).
Примерок: венска крв
Цена : 4950 денари
Издавање резултати за еден работен ден
Со почит,
Авицена Лабораторија