fbpx

НОВО! Тестови за детекција на туларемија

Во својата широка палета на тестови, Авицена Лабораторија вклучува и високосензитивни и специфични тестови за детекција на туларемија.

Што е туларемија?

Туларемијата е акутна инфективна болест предизвикана од бактеријата Francisella tularensis.Претставува болест од која примарно заболуваат дивите животни, првенствено глодарите (зајаци, верверички, глувци, стаорци). Од дивите животни болеста може да се пренесе на домашните животни ( овци, говеда, коњи, кучиња, мачки, живина). Човекот може да се зарази со директен контакт со заболените животни, како и индиректно преку контаминирана храна, вода и воздух.

Како се пренесува?

Човекот може да се зарази од туларемија по сите познати епидемиолошки патишта на пренесување:

Контакт – доволен е директен контакт на кожата или слузницата со ткива или крв на заразени животни при дерење, сечење на месо, подготвување на јадења или само допирање.

Трансмисија – човекот заболува при каснување од крлежи, вошки и др. инсекти или контакт со нивни флуиди.

Респираторен пат – инфекцијата настанува со вдишување на прашина контаминирана со бацили на туларемија.

Алиментарен пат – инфекцијата настанува после пиење на контаминирана вода или консумирање на контаминирана храна (најчесто после недоволно термички обработено месо од зајак или други животни).

Како се манифестира?

Во зависност од локализацијата, односно од местото на навлегување на бактеријата во организмот на човекот, клиничките манифестации на туларемијата можат да бидат различни: воспаление на подвиличните и вратните лимфни јазли, воспаление на слузницата на окото, усната слузница, грлото и крајниците, појава на бронхит или бронхопнеумонија, болки во стомакот, повраќање, проливи и др.

Кај сите клинички форми, после инкубација од три до седум дена, почетокот на заболувањето е акутно, со појава на општ инфективен синдром: зголемена температура, треска, потење, интензивни главоболки, болки во целото тело и општа слабост. Болеста обично трае од 2 до 4 недели.

Како може да се открие туларемијата?

Во Авицена Лабораторија се работат најсовремени, високосензитивни и специфични тестови за квалитативна детекција на антитела против Francisella tularensis во серум или плазма. Резултатите од тестирањето се готови уште истиот ден!