fbpx

Важно известување за изработка на тестови за Корона вирус (COVID-19)

Во интерес на заштита на јавното здравје, Авицена Лабораторија, како лабораторија која целосно ги исполнува сите светски норми и стандарди за овој тип на тестирање, се вклучува во постапката на изработување на 5000 високосензитивни Real Time-PCR тестови за корона вирус (COVID-19).

Ова е заеднички проект на Авицена Лабораторија, Министерство за здравство и Здравствен Дом Скопје.

Од средината на оваа седмица, ќе биде ставен во функција пунктот за земање примероци во склоп на Здравствен Дом на Скопје-поликлиника Идадија (Млин Балкан).

СИТЕ ПРИМЕРОЦИ ЗЕМЕНИ ОД ОВОЈ ПУНКТ ЌЕ БИДАТ ИЗРАБОТЕНИ ВО АВИЦЕНА ЛАБОРАТОРИЈА И ЦЕЛОСНО НА ТРОШОК НА АВИЦЕНА ЛАБОРАТОРИЈА.

Овој тип на помош и поддршка е наменета со цел побрзо и поуспешно да се справиме со новонастанатата ситуација, да му помогнеме на нашиот здравствен систем, на сите пациенти и целокупната заедница во која припаѓаме. Како и за другите пунктови, пациентите ќе бидат примени исклучиво по претходно закажан термин преку матичниот лекар и системот МОЈ ТЕРМИН.

И во вонредни услови каква што е моменталната ситуација со COVID-19, грижата за нашето здравје и здравствената грижа за нашите клиенти продолжува. Здравствената дејност во која припаѓаме ние како установа, нè обврзува и морално, да пружаме здравствени услуги секојдневно, да си помагаме меѓусебно и да го заштитиме здравјето на сите граѓани.

Во меѓувреме, сите заедно да ги почитуваме мерките од надлежните институции, да бидеме одговорни, да се грижиме за сопственото здравје и здравјето на другите.