fbpx

Кои се заканите од вируси и бактерии кои ги носат високите температури?

НЕПРАВИЛНО ЧУВАЊЕ И ОБРАБОТКА НА ХРАНАТА – Предизвик за развој на бактерии

Бактериите како  Salmonella, Shigella и Campylobacter често предизвикуваат грчеви во стомакот, пролив, гадење и повраќање, главоболка, треска. Симптомите обично се јавуваат од 6 до 72 часа после заразувањето. Симптомите обично траат од 4 до 7 дена, понекогаш многу подолго.

Воглавно, овие бактерии се пренесуваат со јадење на недоволно зготвена храна направена од заразени животни (месо, пилешко, јајца и производи направени од нив) или храна произведена за широко производство (чоколади, бомбони, секакви видови кондиторски производи) кои не се чувани на соодветна температура и средина.

Бактериите се уништуваат со комплетно готвење на храната (добро термички обработена храна). Избегнувајте живо или недоволно зготвено месо, месо од живина или јајца. Месото од живина и другото месо – на пример, хамбургери, колбаси и ролати од печено месо – не треба да се јадат ако во средината се розеви. Ракување со храна – бидејќи бактеријата може да остане на рацете, многу е важно рацете секогаш да се мијат темелно после користење на тоалетот и пред приготвување на храна.

Прочитајте совети за како да спречите заболување од Салмонела…

НЕПРАВИЛНО МИЕЊЕ НА ЗЕЛЕНЧУКОТ И ОВОШЈЕТО – Зголемена шанса за допир со вируси

Norovirus, Rotavirus, Adenovirus, Astrovirus и Sapovirus се само дел од вирусите кои предизвикуваат најразлични видови на гастроинтестинални заболувања кај луѓето а се пропратени со гадење, покачена телесна температура, повраќање

Вирусите најчесто се кријат позади не добро измиените продукти како овошјето и зеленчукот, а во текот на летните температури, за нив е одлична шанса да се размножат.

ВО АВИЦЕНА ЛАБОРАТОРИЈА Е ДОСТАПЕН ЦЕЛОСЕН ГАСТРОИНТЕСТИНАЛЕН ПАКЕТ-ДЕТЕКЦИЈА НА 17 ПРИЧИНИТЕЛИ НА ГАСТРОИНТЕСТИНАЛНИ ИНФЕКЦИИ 6 ВИРУСИ (Norovirus G I,Norovirus G II, Rotavirus, Adenovirus, Astrovirus Sapovirus), 9 БАКТЕРИИ (Salmonella species, Salmonella enterica serovar enteritidis, Salmonella enterica serovar typhimurium, Shigella species, Shigella dysenteriae, Shigella flexneri, Campylobacter species, Campylobacter jejuni, Campylobacter coli) И 2 ГАБИЧКИ (Candida albicans и Candida species), со МУЛТИПЛЕКС REAL-TIME PCR метода.

Погледнете ја цената на гастроинтестиналниот пакет на следниот линк.

ТОПЛО И ВЛАЖНО ВРЕМЕ – Зголемена шанса за убод од крлеж

Пролетта пристигна, како и микробите и другите непријатности кои одат заедно со високите температури. Инфекциите, кои се нормална појава и кои ги следи зголемената температура, можат да бидат благи, но и по сериозни. Деновиве многу се говори за опасноста од крлежите и комарците и болестите кои тие може да ги пренесат на луѓето и животните. Редовно ги има во пролетните и летните месеци, па затоа и опасноста од нив е поголема во овој период.

Лајмската болест е мултисистемско заболување кое има субакутен и хроничен тек, а го предизвикува бактеријата Borrelia burgdorferi, која ја пренесува крлежот со својот убод на домаќинот. Оваа болест првенствено ја зафаќа кожата, а потоа срцето, зглобовите и централниот нервен систем.

Лајмската болест се манифестира со појава на локален оток и црвенило на местото на убодот и во околината и тоа 3-32 дена по инцидентот. Локалното црвенило е топло и обично не е болно. Кај 50% од пациенетите идентични промени може да се јават и на други делови од телото, а кај 15% пациенти може да не се јават кожни промени. Освен промените на кожата, може да се јави и покачена температура, треска, малаксаност, главоболка и зголемување на регионалните лимфни јазли.

Авицена Лабораторија ви нуди комплетна проценка на вашата здравствена состојба. Нов, современ, индиректен имунофлуоресцентен тест за детекција на IgG и IgM антитела кaј Borrelia burgdorferi. Овој тест зазема централно место при дијагнозата на Лајмската болест заради високата сензитивност и специфичност, краткото време на добивање на дефинитивен одговор (еден ден ) и фактот дека култивацијата на борелиите е многу тешка, долготрајна и несигурна.

Погледнете ја цената на анализата на Borrelia burgdorferi на следниот линк.

ЗГОЛЕМЕНИ ТЕМПЕРАТУРИ – Зголемена шанса за убод од комарец

Лајшманиозата e паразитско заболување што го предизвикува протозоа (едноклеточен паразит) од родот – Leishmania. Се пренесува со каснување на одредени видови на комарци, (кои ги има и кај нас, а се разликуваат од обичните комарци), кои претходно каснале куче кое е заразено од овој паразит. Паразитот го напаѓа одбранбениот систем на организмот и ако не се лекува, може да прерасне во сериозно заболување.

Лајшманиозата се карактеризира со симптоми кои на прв поглед се слични со сите други симтоми кои укажуваат на намален имунитет, односно, намален апетит, треска, слабеење, замор, анемија, ранички на местото на каснување од комарецот, омалаксаност и др.

Авицена Лабораторија ви нуди најсовремен тест за дијагностицирање на лајшманиоза и разјаснување на имунолошкиот статус. RIDASCREEN ® Leishmania Аб Тест, ензимска имуноанализа (EIA) на германскиот производител R-Biopharm за квантитативнa детерминација на специфични IgG антитела против Leishmania infantum во крв.

Погледнете ја цената на анализата на Leishmania на следниот линк.