fbpx

#WorldCancerDay

🌏Секој 4-ти февруари, се обележува како светскиот ден на ракот, за да се поттикне поголема свесност за раната превенција, дијагностицирање и лекување, со цел намалување на глобалното влијание на болеста.

🔬Како лидер во лабораториската дијагностика, изминатата година бевме детално посветени за изнаоѓање најнова генерација генетски тестови кои ќе помогнат на пациентите да го предвидвидат ризикот од болеста како и да помогнат на оние пациенти кои веќе се дијагностицирани со рак, да ја дознаат причината за појава на ваквата состојба.

🧬За таа цел, го воведовме новото портфолио тестови за наследни видови рак, кои се изработуваат во нашите лаборатории изминатите 6 месеци. Таканаречените “Presentia” генетски панели, можат да им помогнат на пациентите да добијат најдобра можна дијагностичка услуга, за која не е потребно да ги посетуваат лабораториите во странство, туку отсега тестови од светски размери кои се применуваат во најсовремените медицински центри во светот, се достапни и во нашата лабораторија.

Запознајте ги вашите гени, знајте го вашиот избор!

#WorldCancerDay2023 #Avicenalab